Почестете се со оригинално ирско кафе

by ugostitelstvo.mk
ирско кафе

Ирците имаа право кога го комбинираа Ирското виски со жешко, црно кафе. Овај топол коктел веќе долго време е омилен во ирските пабови, а и полека станува ривал на најпознатиот ирски бренд, пивото Guinness. Покрај изборот за користење на најдоброто Ирско виски, можно е користење и на свеж шлаг кој што ќе го претвори Ирското кафе во нешто спектакуларно. Не заборавајте да ја загреете стаклената чаша пред да го ставите кафето.

Рецепт за ирско кафе:

  • 100ml жешко кафе
  • 50ml Ирско виски
  • 2 лажички кафеав шеќер
  • малку свеж шлаг

Подготовка:

Ставете го шеќерот во кафето кога тоа е жешко во топла стаклена чаша, кригла или друг сад кој е може да ја издржи топлината од кафето. Мешајте додека шеќерот не се ратвори. Ставете го вискито и мешајте повторно. Нанесте шлаг крем на врвот од чашата. Не промешувајте повторно, за да не се измешаат состојките.

Историја за Ирското кафе

кафеИрското кафе е создадено од Ирскиот готвач Џо Шеридан во 1942 година во воздухопловната база Foynes, денешниот Интернационалниот аеродром Shannon во близина на Лимерик, Ирска. Приказната започнува со лет кој се враќа на аеродромот по обидот да стигне во Њујорк за време на зимска бура. Шеридан истрчува за да им направи кафе на заглавените патници, а името доаѓа при размена на следните реченици: ‘Еј другар’ рече изненадено еден Американски патник, ’дали е ова Бразилско кафе?’. ’Не’, одговори Џо, ’тоа е Ирско кафе’. Ирското кафе беше огромен успех и стана редовен пијалок на аеродромот. Во 1952 година писателот Стенон Делаплеин од своето патување во Ирска го пренесол рецептот од кафето во САД, привлекувајќи го вниманието на шанкерот Џек Куплер во Буена Виста Хотелот, Сан Франциско. Но, кремот постојано тонел кога Куплер се обидувал да го направи, па се обидел да го најди правилниот начин на правење на ова кафе. На крај, шанкерот му понудил на Џо Шериден работа во американската Буена Виста Хотел, каде ќе може да се промовира овај одличен топол пијалок. Со оглед на духовитоста на Ирците, Џо Шериден го опишувал начинот на правење на кафето како: Крем – богат како ирскиот Brogue (ирски чевел), кафе – силен како пријателска рака, шеќер – сладок како јазикот на нечесните, виски – јако како мазната земја. Уживајте.

Слични написи