Персонализирани детали за вашите гости

by ugostitelstvo.mk
прибор за јадење

Секој бизнис бара одредена инвестиција во маркетинг стратегија, па така и угостителскиот. Покрај класичните реклами за медиуми и веројатно најдобрата маркетинг алатка “mouth to mouth” преку која задоволните гости ќе ве пофалат пред потенцијалните, постoјат уште многу начини како да го доближите вашиот угостителски бренд до вашите клиенти и да создадете чувство на припадност.Ајде да погледнеме што претставуваат персонализирани детали за угостителството.

Без разлика дали станува збор за кафе – бар или огромен ресторан со неколку сали кој има капацитет и за неколку стотици гости, добро е да ги знаете и да ги имате во вашиот објект.Персонализираните детали во угостителство претставуваат сите оние елементи кои гостите ќе имаат можност да ги видат на масата од чинии па се до салвети, а кои ќе носат моќна порака или пак логото на вашиот бренд. Чиниите во кои ги сервирате јадењата од менито најдобро е да бидат керамички доколку сакате на нив да биде испечатено вашето лого. Кај стаклените чинии или чаши, најдобро е пораката или логото кои сакате да ги ставите да ги направите со гравирање за да бидат долготрајни. Шишенцата и тегличките со зачини исто така можат да бидат персонализирани. Можете да одберете помалечки теглички за зачините и на стаклото да ставите самолеплива етикета која директно ќе ги поврзува гостите со брендот.

Во договор со винаријата од каде го набавувате виното, секое шише вино може да биде персонализирано. Обично, персонализираните вина и чаши за вино се неопходни кога станува збор за важен деловен состанок или фамилијарна прослава. Понудете им на Вашите гости персонализирани шишиња со вино и чаши за нивните најважни моменти, направете се за да ја запаметат посетата на вашиот угостителски објект. Бидејќи за многу луѓе кафето е најважниот ритуал, не заборавајте да ги брендирате шолјите во кои служите кафе. Со секое нарачано кафе, задолжително нека следува fortune coоkie или колаче кое ќе биде спакувано во хартија на кое стои слоганот на Вашиот ресторан. Во персонализирањето на приборот за еден ресторан не значи дека секогаш и секаде логото на вашиот бизнис е задолжително. Можете да ставите убави мисли за храната, виното, хедонизмот на чаршафите или салветите.

starbucks1

Слични написи