Оризот ширум светот

by ugostitelstvo.mk
ориз

Како да започнеме да зборуваме за одличната храна како што е оризот? Ширум светот, различни народи ги употреубаат намирниците кои се карактеристични за нивното поднебје за да направат вкусни оброци заедно со оваа житарка. Оризот е главна ѕвезда на јадењата кои може да ги зготвите за помалку од половина час, но и храна за специјални прилики како венчавки или религиозни празнувања. Ќе ги видите различните начини на кои се приготвува оризот ширум планетата во следниве 14 чинии со ориз.Доколу помисливте дека ги знаете речиси сите популарни јадења со ориз како паела, рижото, пржен ориз се обложуваме дека не сте во право. Варијациите со ориз во чинијата на глобално ниво ги има многу повеќе.На следнава листа нема да најдете рецепти за оризови супи или колачи со ориз, но и речиси нема да пронајдете порција ориз која не е во комбинација со многу колоритен сезонски зеленчук. Ајде да пропатуваме низ светот за да видиме како се подготвува оризот.

домашен оризAmerican Fried Rice (Thailand)

Американскиот пржен ориз најчесто се сервира со кечап, пржено пилешко, сланина или хот – дог, а понекогаш за хавајски шмек се служи и со ананас.

Муле ориз

Долж Антлантскиот брег на Колумбија, овој ориз се служи во лист од тропска билка, која се нарекува биџао, заедно со испечена касава, парче сирење и суеро сос, кој е млечен крем.

 

Ориз со грашок

Оризот со грашок е национално јадење на Пуерто Рико. Ориз, грашок и печено свинско месо е основата на овој оброк.

Бибимпап

Бибимпап во буквален превод значи „мешан ориз“, се служи во топла чинија со пржен зеленчук, чили паста или соја паста. Кој е најдобриот дел? Кога ќе скршите живо јајце во него, топлината од чинијата го готви до совршенство.

Бирани

Како главен оброк на секоја индиска венчавка, бириани е мешавина од basmati ориз, месо или зеченчук, мешавина од индиски зачини, за која и науката докажува дека се особено вкусни.

јолоф оризЈолоф

Оризот Јолоф е дел од сенегалската кујна, но во последно време, рецептот е добро прифатен и во Западна Африка. Ова јадење е многу едноставно: ориз, домати, кромид, сол и лута црвена пипер. Секој додаток на месо и зеленчук е добредојден за да направите вкусно јадење.

Кедгри

Кедгри оброците се англо – индиско јадење која е совршена мешавина од ориз и кари и британски елемнти како филети од риба. Најчесто се додаваат тврдо сварени јајца, суво грозје и различни сосови.

Наси Кунинг

Ова е типичен индонезиски начин на подготовка на ориз. Во Индонезија за подготовка употребуваат кокосово млеко и кукурма. Се служи со пржени сардини и кикири. Жолтиот ориз означува богатство, па така оваа чинија со ориз се служи на посебни прилики како симбол на богатството.

Паела

Паела на каталонски во буквален превод означува тава. Овој оброк е типичен за Валенсија и се подготвува со пилешко, зајачко месо, неколку видов на зрнести плодови и понекогаш полжави.

 Ориз а ла Милано

Гордоста на Милано е жолт ориз кој се служи во комбинација со шафран. Многу едноставно, но премногу хранливо. Во рестораните ширум Милано, најчесто ќе ви препорачаат шише вино како одличен пијалак за ова јадење.

трет оризУзбек Плов

Станува збор за оризов пилаф комбиниран со говедско или јагнешко, моркови, зелка, зачинети со азиски ким и оваа порција ориз најчесто се служи за посебни прилики како празникот Рош Хашанах. Ова јадење е типично за Узбекистан.

Ксои гу сак

Овој оброк најчесто се јаде во руралните средини низ Виетнам. Виетнамскиот ориз не ја добива својата боја со вештачки пренхрамбени бои туку својата колоритност ја добива од различни растенија.

Слични написи