Опис на позицијата Бариста

by ugostitelstvo.mk

Зборот ‘бариста’ е италијански збор, и во Италија бариста е машки или женски шанкер, кој обично работи зад шанкот, служи топли (како еспресо, чај) и ладни – алкохолни и безалкохолни пијалоци. Таму, неговата работа не се сведува само на правење кафе. Иако како титула, не е регулирана, повеќето кафулиња го користат самиот збор на опишување на личност кој подготвува кафе, и работи со еспресо-машината.

Беспрекорното еспресо е пресудно за улогата на бариста. Додека пак, уметноста со млеко е знак на добро обучен и квалитетен барист. Сепак, обврските започнуваат од припремањето на еспресото, чие создавање е оцена за неговото искуство. Исто така, тој подготвува и други пијалоци, особено млечни, како капучино и лате. Клучен е моментот на додавањето на млекото во кафето, и неговата умешна рака. Начинот на ставање на топлото млеко, во кафето, и поливање со пена, е мајсторија која што денес се учи во специјални училишта. Баристите обично се обучуваат најпрво да работат на машината за подготовка на кафе, а потоа, започнуваат со експерименти за декорација.

бариста Надвор од правењето на кафето, тие се обучуваат и за анатомијата на доброто зрно кафе. При обуката се задржуваат на делот програмирање на кафематот, методите на мелење на кафе, печење, фабричкото одгледување, слично на тоа колку еден сомелиер е запознаен со целиот процес на правење на вино и потрошувачката. Се разбира, процесот на учење, не е само во училиштата. Тие го збогатуваат своето искуство при практична работа. Во Норвешка, и денес се одржува најпрестижното првенство на Баристи каде доаѓаат учесници од различни меѓународни локации.Некоку совети од баристите. Знајте ја својата работа. Не очекувајте да добиете бакшиш поради неколку притискања на копчето од машината за кафе. Зголемете го Вашето знаење, за да можете да одговорите на прашањата поврзани со кафе. Памтете ги имињата на Вашите гости. Ако не го знаете, прашајте дискретно и брзо. Луѓето сакаат да ги слушнат нивните имиња а редовните сакаат да бидат запамтени. Доколку користите тегла за бакшиш, ставете неколку денари внатре, за промена. Некои клиенти едноставно чувствуваат дека ситниот остаток би требало да заврши како бакшиш, инаку би било навреда за вработените.

уметност Исто така, кога веќе теглата е прилично полна, испразнете ја малку, затоа што можноста за добивање бакшиш тогаш се намалува. Бидете духовити. Хуморот може пријатно да делува врз Вашите клиенти, и да се опуштат, а со тоа да испијат повеќе и да остават доброволен прилог.Бидете  професионални и чисти. Не користете колонска вода или јак парфем, се меша со мирисот на кафето. Не мирисајте на чад од цигари и облекувајте се примерно. Смејте се често и уживајте во својата работа. Проблемите оставете ги дома. Правете уметнички пијалоци, секој пат кога сте способни за тоа. Меморирајте ги гостите. Оние кои оставаат поголем бакшиш, обично ќе бидат редовни. Тоа е знак повеќе за да им ги запамтите имињата, начинот на пиење на кафето и останатите вообичаени работи. Прашајте ги како си го поминале денот, и како се чувствуваат.

Latte-foam-guards-against-spillageИсто така бидете сигурни дека не се валкани чашите на масите и останатиот прибор. Голем пулс се и уредните тоалетите. Доколку тоа не е Ваша обврска, потсетете ги задолжените. Имајте ситно постојано. Што кога при напалаќањето, немате ситни пари ? Како тогаш би добиле бакшиш? И за крај, поголема чаша, не значи и повеќе кафе !

Слични написи