Неверојатен десерт од три состојки

by ugostitelstvo.mk

Неверојатни колачиња од три состојки, звучи неверојатно нели ? Е па време е да ве запознаеме со едноставениот рецепт со путер од кикиритки. Ова не е типично колаче, бидејќи има значително помалку шеќер во однос на вообичаените слатки. Тоа е одлично за оние кои го обожаваат благото, помалку  шеќер значи повеќе опуштање, зарем не ?

колаче
За да подготвите 18 парчиња потребно ви е:

  • 1 чаша бело вегетаријанско чоколадо
  • 1/2 чаша крем од путер од кикиритки
  • 2-4 лажички јаворов сируп, на собна температура

подготовка
Начин на подготовка

Во сад ставете вода да врие, а над него друг, помал сад, каде што ќе го ставите чоколадото да се топи. Потоа се додава во истиот сад путерот и се меша додека да се добие хомогена смеса.  Се става настрана, додека убаво не се излади и се промешува со јаворовиот сируп. За посладок вкус користете 4 лажици. Во подготвен калап, посипете со сецкани кикиритки и чоколадни трошки, по желба, а потоа ставете ја смесата над нив. Потребно е да стои во фрижидер најмалку 1 час, а потоа пред да ги сечете, оставете ги на собна температура барем 15 минути. Одбегнувајте десертот да стои повеќе од еден месец. За сите кои не можат без црно чоколадо, постои начин на путерот од кикиритки да додадете две –три лажици чоколадо. Исто така, слободно може да го заменете путерот од кикиритки со путер од лешник, путер од бадем или друг по Ваш избор. Нивниот вкус и одличен и со други состојки. Може да користите и јаворов сируп, какао сируп, или друг омилен засладувач – само бидете сигурни дека тие се на собна температура пред да ги додадете, затоа што може да се одделуваат од смесата и да не се зацврстат. Доколку не можете да најдете бело вегетаријанско чоколадо, користете црно. Уживајте

Слични написи