Направете сами млеко. Крава не е потребна !

by ugostitelstvo.mk
направете си свое млеко

Терминот млеко не се однесува само на млечни течности кои доаѓаат од вимињата.  Се повеќе и повеќе луѓе ги уживаат благодетите на млекото од ореви, бадеми, семиња и други растителни производи – кои  лесно можат да се направат во домот. Млекото не е повеќе едноставен напиток  добиен од пасење на животни како крава, коза и овца. Тоа е течност за која луѓето имаат цврсти ставови и параметри дека млеко може да се добие од речиси се што може да се исцеди – од брадавици до грав и семиња.  

Со оглед  на фактот дека млеката на растителна основа стануваат се попопуларни, многу компании правејќи ги овие млека користат сомнителни состојки за да го згуснат или засладат оригиналниот вкус, а и поради економски причини. Решението е да направите млеко од широкиот спектар на растителни производи кои Ви се на располагање, како што се мешунките, кокосот, зрна, ореви и семки – вклучувајќи соја, лешници, орев, сончоглед,  овес, ориз, бадеми и Бразилски ореви. Во продолжение прочитајте како да направите млеко во вашата кујна.

СЛАДОК БАДЕМ И МЛЕКО ОД ВАНИЛА

млеко од бадеми

Здрави придобивки : Бадемите се анти – воспалителни и се богати со витамин Е. Тие се исто така одличен извор на калиум, кој е неопходен за нервниот пренос и контракцијата на мускулите – вклучувајќи го и срцето. За 500мл потребно е : 1 чаша бадеми стоени во вода преку ноќ – може и Бразилски ореви ; 1-4 урми, исто така меки ; 500мл филтрирана вода ; малку сол ; 2 лажички ванила во прав. Ставете ги сите состојки во блендер додека смесата не стане мазна и кремаста. Исцедете ја смесата преку цедалка, и соберете ја течноста.  Така исцедена, префрлете ја во стаклен сад, и ставете ја во фрижидер каде може да се чува до три денови. УПОТРЕБА: Ова млеко може да се користи за топли пијалоци, сладолед и рецепти каде е нагласено не-животинско млеко, но вкусот е одличен и ако се пие без додатоци.

МЛЕКО ОД ОРИЗ

млеко од ориз

Здрави придобивки : Ова млеко е богато со витамин Е и магнезиум, кои се промотори за здраво срце. Тоа исто така богато со минерали, го поттикнува имунитетот  и штити од вирусни инфекции. За 350 мл потребно е:  2 чаши варен ориз; малку сол; 500 мл филтрирана вода; засладувач по избор : 2 лажички ванила, 2 лажички какао, 3 лажички мед, 1 лажичка цимет или 2-4 урми. Ставете ги сите состојки во блендер и миксајте додека комбинацијата е мазна и кремаста. Откако ќе ја исцедите, ставете ја во стаклен сад,  кој може да се чува во фрижидер до три денови. Употреба : Ова е добра можност за оние кои не можат да пијат млеко од соја, ореви или кравјо млеко, а исто така има минимален процент за предизвикување на алергии.

КРЕМ ОД ИНДИСКО ОРЕВЧЕ

КРЕМ ОД ИНДИСКО ОРЕВЧЕ

Здрави придобивки : Индиските ореви се богати со амино киселината триптофан, која  помага да се создаде серотинин – што е клуч за развојот на системот за варење на храната. Тие се добар извор на магнезиум,  за енергетски метаболизам и функцијата на нервите, како и за здраво срце. За 1, 25 литри потребно е : 100 гр индиски оревчиња (ако имате време, ставете ги во  вода да стојат цела ноќ, потоа исцедете ги) ; 600 мл филтрирана вода; 2 урми; 1 лажичка ванила (по желба) и сируп од чист јавор или сиров мед. Ставете ги сите состојки во блендер и миксајте се додека смесата не стане мазна и кремаста. Нема потреба од силен напон. Ставете го кремот во стаклен сад и потоа во фрижидер. Може да се чува до 7 денови. Употреба: Одличен е за смути и топло чоколадо.

НЕ ГИ ФРЛАЈТЕ ОСТАТОЦИТЕ 

По цедењето на ореовото млеко, смесата која останува како крем е богата со благодетите на оревот а исто така е многу вкусна. Има доста вешти начини за да ја користите оваа смеса, се препорачучува да се додава во бели печива – како палачинки, торти, колачи.

Слични написи