Накратко за гастрономијата

by ugostitelstvo.mk

Гастрономија (потекнува од старогрчкиот збор гастрос „стомак“, и номос „знаење“ или „закон“) е наука за соодносот помеѓу културата и храната. Честопати поимот гастрономија погрешно со поврзува исклучиво само со готвењето, но тоа е само мал дел од оваа дисциплина, не секој готвач е и гастроном. Гастрономијата изучува различни културни компоненти со храната како точка на фокус. Така, таа е сродна на убавите уметности и општествените науки, па дури и на природните науки во контекст на варењето на храната во човековото тело.

гастрономија

Главните активности на гастрономот се откривање, испробување, искусување на храна, вршење истражувања за храна, утврдување на наученото и пишување за истата. Затоа гастрономијата е интердисциплинарна активност. Тоа подразбира и физика, математика, хемија, биологија, геологија, агрономија, како и антропологија, историја, философија, психологија и социологија. Примената на научните знаења врз готвењето и гастрономијата се нарекува молекуларна гастрономија.гастрономија1

Прв формален третман на гастрономијата е пронајден во книгата Психологија на вкусот од францускиот гастроном Жан Антелм Брија-Саварен. Наспроти традиционалните готварски книги, ова дело го изучува соодносот помеѓу сетилата и храната, третирајќи го уживањето на трпезата како наука. Во последно време се забележува посебна посветеност на принципите на гастрономијата со основањето на движењето Бавна храна (Slow Food) во 1986 година, кое во 1989 година прераснува во организација, денес пристуна во 160 земји со 1300 локални ограноци, наречени конвивиуми.

Слични написи