Нема ништо подобро од тоа да си дозволите коктел после напорниот ден заедно со вашето омилено друштво. Има коктели и „нешто поскапи“ коктели…
Ви ги претставуваме најскапите коктели на светот.
Вин Казино
Со оглед на тоа што во него има Луј XIII Блек Перл Коњак, едно шише од овој коктел би чинело 90 илјади долари.
Скапоцениот камен од Пангеа
Со комбинација од фин шампањ и коњак, и украсен со злато и дијаманти, коктелот кој чини скромни 30.000 долари е поскап поради декорацијата, отколку поради вкусот.
Винстон
Во мелбурнскиот клуб 23, еден Винстон ќе ве чини повеќе од 12.000 американски долари. Главната состојка на луксузниот пијалак е коњак, кој датира од 1858 година.
Риц коктел
Самото име, Риц хотелот, веднаш ве асоцира на високи цени, зар не? Затоа не би требало да ве изненадува дека барот во Риц-Карлтон во Париз има создадено коктел од околу 1500 долари.
Платинум пешн
Според познавачите ова е најегзотичниот пијалак на оваа листа. Се служи само во ресторанот Duvert Lounge во Њујорк. Главните состојки на овој коктел се францускиот шампањ Ruinart и колекционерскиот коњак L’Esprit de Courvoisier.