Кој е најголем љубител на виното?

by ugostitelstvo.mk

Дали знаете кој во светот пие најмногу вино?

Според Меѓународната организација на лозарството и винарството, глобалната потрошувачка на вино  изнесува околу 6,4 милијарди галони (243 милиони хектолитри). Кина е позната по тоа што произведува најмногу грозје во светот, но, Италија, Шпанија и Франција се најголемите произведувачи на вино.

Десетте земји кои консумираат најмногу вино се:

  1. Франција: 30,2 Mhl
  2. САД: 29 Mhl
  3. Италија: 22,6 Mhl
  4. Германија: 20 Mhl
  5. Кина: 17,8 Mhl
  6. Обединетото Кралство : 12,5 Mhl
  7. Русија: 10,4 Mhl
  8. Аргентина: 10 Mhl
  9. Шпанија: 9,3 Mhl
  10. Австралија: 5,4 Mhl

љубители на вино

Како се прави црвеното и белото вино ?

Од грозјето Vitis vinifera се произведува црвено и бело вино. Бојата на црвеното вино доаѓа од самата кожа која ја има грозјето, а не од сокот. Во црвеното вино, кожата на грозјето е вклучена во процесот на производството  на самото вино. Кога кожата е исклучена од процесот на производство се добива белото вино.

– Популарни бели вина од Vitis vinifera: Chardonnay, Pinot Blanc, Riesling, Sauvignon blanc и Gewürztraminer.
– Популарни црвени вина од Vitis vinifera: Cabernet Sauvignon, Limberger, Merlot, Pinot Noir, Sangiovese и Shiraz.

Белите вина содржат од 10% до 12% алкохол, а црвените вина имаат малку поголем процент, кој е помеѓу  11% и 15%, но може да достигне и до 18%.

Понекогаш кога ќе се сетам на сето вино што го имам испиено се чуствувам засрамено. Кога ќе се погледнам во огледало си помислувам на целиот труд што винариските работници го имат вложено. Ако јас сето тоа вино го немав испиено, сега тие би биле без работа и не би ја имале можноста да работат на своите желби и соништа, за прозиводство на убаво вино кое го ужива целиот свет. Затоа одлучив да го пијам виното и да им дозволам нивните соништа да се остварат, а јас да престанам да се грижам за мојот црн дроб.“ – Џек Хенди

Слични написи