Таjванскиот Kavalan Solist Vinho Barrique сега се најде на врвот како најдобро виски во светот за 2015 година, според World Whiskies Awards.
Судиите на овој натпревар рекоа: “изненадувачки меко, добиваш чуство како да пиеш чоколадно млеко измешано со бурбон”. Пијалокот е направен во King Car во североисточен Тајван, каде што вискито се чува во амеркански дабови буриња каде некогаш се чувале бели и црвени вина.
Дестилирањето кое започнало пред една деценија е одобрено и закитено со многу награди од најдобрите познавачи на овие жестоки пијалоци, токму еден од нив е Jim Murray кој во 2012 година го нарече Kavalan Solist “Новото Виски на Годината”, токму и поради оваа причина се најде во книгата “Whisky 101” како еден од препорачаните пијалоци кои задолжително треба да се пробаат.