Најдобриот момент да го посолите јадењето

by ugostitelstvo.mk
посолување

Сигурно сте забележале дека кога подготвувате јадење според рецепт се споменува дека треба да додавате сол на одредени моменти, но дали тоа секогаш е најдобриот момент за посолување на јадењето.

Познатата готвачка De Sousa има направено експеримент со цел да дознае дали има и каква ќе биде разликата доколку ја посолите храната пред готвењето и откако готвењето е завршено. Во овој експеримент готвачката има подготвувано две јадења, гулаш со говедско и печени моркови во фурна. И двете ги има подготвено по два пати, во првиот случај солта е додадена на почетокот, а еднаш на карјот од готвењето. Готвачката забележала дека јадењето има посолен вкус ако солта се додаде уште на почетокот, затоа што на тој начин има време таа добро да се соедини со храната додека трае процесот на готвење.посолување
Токму од овој експеримент можеме да кажеме дека солта подоборо е да ја додадете што е можно порано при готвењето. Доколку се одлучите тоа да го сторите при крајот, солта секако ќе остане на површината и нема да го даде вкусот како во првиот случај. Во експериментот се покажало дека Sousa не успеала да го пробие вкусот со солта на морковите и говедското месо кога биле посолени на крај. Доколку заборавите да додадете сол на почетокот од готвењето, таа советува да додадете сол на крајот, бидејќи нема да има некој битен ефект на јадењето.

Слични написи