Меѓународен саем за туризам Place2go – Загреб

by ugostitelstvo.mk

Меѓународниот саем за туризам Place2go оваа година ќе се одржи од 13 ти до 15 ти Март во загребската спортска сала. Во склоп на овој саем за сите љубители на патувањето се припремаат многубројни возбудливи изненадувања. 

За изминатите три години овој саем го имаат посетено повеќе од 40 илјади посетители, а преку 450 фирми го имаат понудено својот производ.

“Тоа што не треба да се заборави за овој мал и симпатичен саем е дека тој всушност расте, и тоа не само со квантитет, туку и со квалитет. Тоа се забележува со фактот дека многу земји го препознаа овој саем и токму тука ќе го претстават својот туристички потенцијал. Тие неколку земји кои го одбраа Place2go за презентирање на туристичкиот потенцијал се Турција, Обединетите Арапските Емирати, Словенија, Австрија и останати, изјави Дамјан Доманович. директор на саемот Place2go. 

саем за туризам
Како и изминатата година гостите ќе можат да уживаат потворно во гастро улицата каде ќе ја имаат можноста да ги пробат омилените специјалитети на Владимир Путин, оригиналниот ирански чај, јапонско суши па се до германските колбаси, а оние кои повеќе ја сакаат домашната кујна ќе имаат можност да дегустираат домашни специјалитети.

Како најинтересно за посетителите секако се наградите, а од нив издвојуваме само неколку, а тие се: патување за двајца во Парис, пет ноќевања во Лас Вегас, четири повратни билети за Дубаи, две за Истанбул како и повеќе патувања до Лондон, Белград и останати земји, нормално каков саем за туризам би бил овој доколку нема награди со патување.

Работното време на саемот за сите посетители е од сабота и недела – 14 и 15 ти Март од 10 до 19 часот, а влезот е слободен.

Слични написи