Мали совети од големите угостители

by ugostitelstvo.mk
конобарка

Еден од важните критериуми кога гостинот одбира угостителски објект секако е и услугата или љубезноста на послужувачите. Со сигурност, би можело да се каже дека однесувањето на угостителскиот работник е еден од факторите дали гостинот ќе посака да дојде уште еднаш во локалот или не. Секој гостин сака да има место на кое би се чувствувал баш како дома, опуштено, добредојдено, разгалено… Секој добар послужувач на ум би требало да ја има онаа старата, добра фраза дека гостинот е секогаш во право. Прочитајте неколку совети за тоа како да ги направите вашите гости да се чувствуваат удобно и убаво во локалот.

слика 2Секој сака да види насмеано лице. Една од најпосакуваните карактеристики која би требало да ја поседува секој угостител е позитивноста. Шарматниот, насмеан угостител се труди да не прави грешки, а кога случајно ќе си ја дозволи, се труди да ја поправи и од неа да научи многу, како во иднина не би се повторила. Насмевката во угостителството е повеќе од потребна. Впрочем кој би сакал да види тмурни, намрштени фаци на оние кои треба да го сервираат ручекот? Насмевката и позитивниот став придонесуваат за добро расположени на гостите, а тоа работникот пак, го носи до бакшишот.

Грешно и неосновано е лаичкото мислење дека угостителската професија е лесна и оти секој може да ја работи. Секоја професија бара премногу добро познавање на подрачјето на кое работите и постојано усовршување. Што се однесува до угостителската професија, послужувачот во локалот мора да знае се околу јадењата и пијалаците кои се ставени во менито. Одличното познавање на менито ќе Ве направи доверливи во очите на гостинот и го оставате впечатокот дека тој е дојден во локал кој е професионален и знае како да работи.

Секој кој работи и греши. Секоја грешка која ќе ја направите како угостител треба да ја признаете и да направите се што е возможно за да ја исправите. Поради динамиката на работа, на послужувачите често знаат да им се случат грешки, да послужат погрешна нарачка или да се збунат кога треба да вратат кусур. Иако ваквите грешки, еден послужувач мора да ги сведе на минимум, во момент кога ќе се случат, на вашите гости треба да им се извините и да им објаснете дека грешката е ненамерно направена.

насмеанаУгостителската работа бара брзина и понекогаш навистина е тешко да се стигне сè и да се направи во вистинскиот момет. На секој локал му е потреба добра организација на
времето и човековите ресурси, особено кога на сите маси има гости. Послужувачите мора да бидат брзи и точни. Исто така, еден послужувач не смее да биде нервозен, бидејќи гостите го забележуваат тоа, тенизјата може да се пренесе и на другите вработени и да се забави процесот на работа, а ниеден угостителстки сопоственик не го посакува тоа.

Не е тешко да бидете добар угостител доколку се придржувате до овие правила. Во оваа професија најважен е трудот и ентузијазмот. Гостите обожаваат кога угостителите се грижат за секоја нивна потреба и доколку на излегување им предизвикате насмевка тие со сигурност ќе бидат ваши гости уште еднаш.

Слични написи