Традиционалните македонски ресторани

by ugostitelstvo.mk
македонска куќа

Македонските национални ресторани се специјализирани тематски ресторани со определена идеја и со национални елементи. Содржат македонски мотиви во ентериерот, а просторот е опремен е со инвентар во традиционален стил.

Во овие ресторани се приготвува определен асортиман на јадења од домашната кујна и се нудат разни видови на вина, ракии и безалкохолни пијалоци. Ги има во градовите, руралните средини, туристички дестинации, во шумски и планински локации. Вакви национални ресторани можат да се изградат и при постоење на соодветни погодности – стари куќи или други соодветни објекти кои што може да се преуредат.

традиционален ресторанЕнтериерот на овие ресторани најчесто се состои од дрвен таван со греди, бели варосани ѕидови, дрвен под со дебели даски. За осветлување се користат свеќи, ламби или фенери.

Во зависност од видот на ресторанот најмногу се користат дрвени маси со различна форма и големина. Се покриваат со традиционални покривки изработени во различни бои и шари, најчесто во црвена боја . Од истиот материјал се и салветите.

Во некои национални ресторани каде што масите се без чаршафи, пред секој гостин се поставува посебна престилка за јадење.

За седење се користат различни дрвени столови, клупи и др. Подовите се покриваат со соодветни килими, черги, волнени јамболии. Во истиот стил треба да биде и инвентарот кој што се користи. Најчесто тоа се садови од керамика, чинии, чаши, соларници, стомни, вазни, пепелници и др. Исто се употребува и друг вид на инвентар од ковано железо и бакар – котлиња, свеќници и пепелници, пегли на жар.

Во националните ресторани персоналот облечен е во соодветна униформа со повеќе или помалку елементи од националните носии. Освен тоа, персоналот  треба да има добра професионална подготовка за да може да работат со инвентарот во конкретните услови.

хранаМногу од правилата за послужување се потчинети на македонските традиции. При послужувањето дури можат да се применат и соодветни ритуални елементи и анимации. Во музиката се користат традиционални фолклорни инструменти, се пејат песни и се играат ора.Во националните ресторани обично храната се подготвува на печка на дрва, се употребуваат како за подготвување така и за послужување земјени садови, ќерамички чинии, дрвени плочи на кои се служи штотуку испечениот леб и се разбира, за служење на ракијата задолжителни се чоканчињата, а виното се нови во боклачиња.

Слични написи