Македонските туристички капацитети пред глобалните хотелски ланци

by ugostitelstvo.mk
туризам

Македонска делегација предводена од вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски учествува на најголемиот светски собир на инвеститори во туризмот.

Во Берлин, денеска и утре, Македонија ги презентира своите природни, инфраструктурни, културни и административни капацитети пред најпознатите светски хотелски брендови. На 18-тиот форум за хотелски инвестиции присуствуваат и компании кои што годишно имаат приходи од десетици милијарди евра. Денеска на специјална сесија на која беа презентирани условите за инвестирање во Македонија учествуваа заменикот министер за економија Христијан Делев и директорот на Агенцијата за туризам Кристијан Џамбазовски кои што пред организаторите ги претставија можностите за инвестирање и придобивките кои што ги имаат инвеститорите во оваа гранка, јави дописникот на МИА од Берлин.

IMTM
Пред американски консултанти кои соработуваат со над 50 илјади претставници на компании од областа на туризмот Македонија ги претстави своите услови за инвестиции кои што содржат мерки како низок данок од само 5 проценти данок на приходи од туризам, со субвенциите за странски туристи и за авиокомпании, поддршка при инфраструктурни зафати за потребите на инвеститорите и специјалните туристички развојни зони.

На форумот македонската делегација се сретна со менаџментот на една од водечките светски хотелски компании „Интерконтинентал” кои што се заинтересирале за можностите кои што ги дава Македонија во областа на туризмот.

Превземено од: Агенција за промоција и поддршка на туризмот

Слични написи