Исецканиот кромид и лук се ставаат на загреано масло и се пропржуваат. Се става и димената сланина исечена на коцки. Одкако ќе се запржи го додаваме виното и оставаме да се динста додека не испари виното. Потоа се додава ситно исецканиот домат и лутите пиперчиња и се остава на оган уште 15 мин. Посолувате по желба. Го додавате исецканиот магдонос, ренданиот кашкавал и исцедените шпагети.
Потребни состојки:
- 100 гр димена сланина
- 2-3 лути пиперки
- 1 dl црно вино
- 2 чешниња лук
- 1 главица кромид
- 400 гр домати
- 70 гр тврд кашкавал
- Маслиново масло
- Сол, бибер
- Магдонос