Состојки:
- 250 г. брашно
- прашок за пециво
- 4 јајца
- 2 дл. масло ( по можност од кикирики)
- 1 дл. суво, бело вино
- 200 г. зелени маслинки без семки
- 200 г. шунка
- 160 г. рендан тврд кашкавал
- малку лимонов сок
- сол
- бибер
Подготовка:
Во чинија, промешајте ги брашното и прашокот за пециво, направете вдлабнатина во средината, додадете го јајцето и добро промешајте со дрвена лажица. Потоа сипете масло, промешајте, додадете бело вино и сок од лимон, умерено посолете и побиберете и продолжете со мешање додека смесата не стана глатка и хомогена. Измијте ги зелените маслинки под студена вода, исцедете ги и пресечете ги на половина, по должина. Исецкајте шунка на коцки, па заедно со маслинките и ренданиот кашкавал додадете во тестото и добро промешајте. Сипете во подмачкана тепсија и печете во претходно загреана рерна на 200 степени, околу 60 минути.