Леб, печива и нивно послужување

by ugostitelstvo.mk

Угостителските објекти од повисоката категорија бараат квалитетен и широк асортиман на различни видови на печиво и леб, односно 3-4 вида на печиво и/или леб.

Видови на леб

Постојат неколку видов на леб: бел, полубел, црн, ‘ржен, интегрален грахам и др. Денес во угостителските објекти се повеќе има побарувачка на т.н. интегрален леб. На спортистите или младите луѓе кои имаат зголемени потреби во исхрната, им се препорачува т.н. збогатен леб, кој може да содржи различни додатоци како ореви, бадеми, суво овошје, јајце, мак, ким, сусам и сл. со што се подобрува вкусот и прехрамбената вредност на лебот.

Леб и печиво за дијабетичари е посебен вид на леб или печиво, направени од пченично или ‘ржано брашно во кое се додадени состојки богати со белковини, па присуството на јаглехидрати не е поголемо од 30%.

Видови на печива

Во угостителството се користат многу видови на печива: млечно печиво, печиво со јајца, печиво збогатено со протеини, печиво со пченични никулци, грахам печиво. Печивата се нудат на гостите најчесто за доручек, по неколку видови, тазе испечени и крцкави. Тие имаат различни форми: округла, плуокругла, долгнавеста итн. По вкус пецивото може да биде солено или слатко, а не треба да тежи повеќе од 250 грама (ресторанска варијанта).

Служење на леб и печива

breadЛебот во угостителските објекти се послужува во парчиња кои се претходно исечени. Тие може да биде исечени или да им се препушти на гостите тоа да го направат сами- во тој случај преку лебот се става чиста крпа, која го штити од директни допири. Белиот леб се сече на подебели, а црниот леб на потенки кришки.

Лебот се служи:

  • поставен во кошничка на масата каде што седи гостинот;
  • поставен во посебна чинија за леб, со штипка;
  • на гостинот му се приоѓа од левата страна и му се понудува сам да се послужи од лебот, доколку ова не го направи гостинот корпата со леб треба да ја оставите центрано поставена на масата или на неговата лева страна.

Во кошничката за леб, најпрво ставете платнена или хартиена салфетка и на неа ставите го лебот.

Според македонската традиција лебот вообичаено не се сече, туку се крши.

Печивото се служи во иста големина и форма како што е печено, во рустикални кошнички, заедно со штипка.

Препечен леб (тост) е вид на леб, кој пред да се послужи се пече во апарат, тостер или печка. Препечениот леб при послужувањето мора да биде топол и со него најчесто се служи и путер. Најчесто се служи со потешки јадења, како на пример татар бифтек, сувомеснати производи, со изразито ладни предјадења и по желба на гостинот. Постојат угостителски објекти во кои тостот се служи наместо леб.

.


За повеќе информации и консултации:

Regent Club – Training Center

тел. 02 / 3119-615
[email protected]

Слични написи