Ладното кафе низ светот

by ugostitelstvo.mk
ладно кафе

Температурите се покачуваат полека но сигурно целосно ќе го исфрлиме топлото кафе и ќе го замениме со чаша ладно кафе погодно за летните горештини. Доколку сакате да дознаете нешто повеќе за приготвувањето ладно кафе низ светот, продолжете со читање. Сигурно ќе запомните некој интересен факт кој ќе го споделите со своите пријатели. 

Cold Brew

1

Иако звучи луксузно и со него ќе ве послужат во сите тренди кафулиња во Америка, опремата со која се прави ова кафе воопшто не е нешто посебно. Станува збор за апаратите за кафе како Toddy или Filtron, кои иако звучат кул, во суштина се само пластичен сад кој го исцедува кафето преку филтерот во стаклен сад. Како и да ви звучи ова, крајниот производ од овој начин на правење ладно кафе е навистина фантастичен. Кафето се остава да се цеди во филтерот 12-24 часа, и пред да се послужи се разредува со вода или млеко.Oваа подготовка го ослободува кафето од киселините, што е одлично за оние кои имаат проблеми со стомакот. Кафето што се добива на крај има уникатен вкус, богата арома и ги истакнува нотите што љубителите на кафето ги сакаат.

Kyoto

2

Стаклените садови во кои се приготвува ова кафе се како лабораториска опрема и може да ги најдете во тренди кафулиња како Blue bottle во Њујорк. Yama и Ojl се два познати брендови, а доколку сакате да се пофалите со вашето познавање може да го нафрлите овој интересен факт: стаклените филтри за кафе на Ojl се рачна изработка на дувачи во стакло од Јапонија. За да се направи кјото, најгоре во цилиндарот се додава вода која полека капе во садот со кафе под него и секоја капка се цеди во садот најдолу. Колку и да звучи комплицирано, сепак е побрзо од подготовкта на колд бру, бидејќи за да се исцеди целото кафе потребни се 8 часа. Овој префинет начин на подготовка му дозволува на кафето да ги задржи своите карактеристики. Некои пак тврдат дека нема разлика во вкусот меѓу колд бру и кјото.

Shakerato

3

Кога веќе зборуваме за еспресо со мраз, шекерато е италијанско ладно кафе кое полека почнува да зема замав и во некои италијански кафулиња во Америка. Ќе го најдете во секое налик италијанско кафуле. Станува збор за еспресо, шеќер и мраз, промешани во шејкер. Кафето обично се сервира во фенси стаклена чаша. Но, тоа не е сè. Постојат многу верзии на овој брз и интересен микс, од додавање на разни овошни вкусови до алкохол.

Australian Ice coffee

Австралијците навистина знаат да прават забавни верзии на кафето.Еспресо и сладолед од ванила полеани со млеко и послужени во висока стаклена чаша со цевка. Љубителите на црно незасладено кафе ќе го сметаат за уништување на оригиналниот вкус на кафето, но ќе мора да признаат дека австралиското ладно кафе е вистина вкусно.

4

Слични написи