Кремаст овошен десерт

by ugostitelstvo.mk

Состојки:

  • 500 мл. хопла
  • 100 гр. шеќер во прав
  • 3 јајца, одвоени белки од жолчки
  • 200 гр. кремсирење
  • 100 гр. бело чоколадо
  • 300 гр. мешано зрнесто овошје (малини, капини, боровинки, рибизли)

Подготовка:

Во тенџере на рингла на слаб оган полека растопете го белото чоколадо, па оставете го малку да се излади.
Во еден сад изматете ги жолчките заедно со шеќерот во прав, додека да добијат посветла боја и станат кремасти.
Во друг сад изматете ја хоплата и во неа додадете го кремсирењето и растопеното бело чоколадо. Во овој крем додадете 300 гр. зрнесто овошје по желба и добро измешајте го. Ако немате свежо, можете да употребите замрзнато овошје.
Кремот со овошјето додадете го во изматените жолчки, една по една лажица.
Обложете калап за ролат со алуминиумска фолија и во него истурете го подготвениот крем. Оставете ја смесата да се зацврсти во фрижидер најмалку 4 часа.
Послужете го крем десертот декориран со овошје и шеќер во прав.

Слични написи