Комбинирање на храната со пијалокот

by ugostitelstvo.mk

Оброкот не е целосен без пијалак. Ако сакате вашиот ручек да го заокружите со добро избрана чаша алкохол, следете ги овие неколку правила со цел да постигнете комбинација со која ќе го унапредите неговиот вкус и целосно ќе уживате во гурманското искуство.

Пивото нека биде основа на оброкот

Пивото може да додаде раскош на храната. Тоа има неверојатна способност да го зголеми уживањето во неа ако го комбинирате со храна која има контрастен вкус. На пример, ако на месото сте му додале зачини, обидете се да го ублажите вкусот со некое светло, не многу јако пиво. Наспроти тоа, лесните јадења подобро одат сотемно пиво. Ако пак не сакате вака да давате поинаков вкус на оброкот, тогаш можете зачинетите јадења да ги комбинирате со темни пива, а полесните со посветли, со што нема да го загубат вкусот.

168797733

Десертот зачинете го со жесток пијалак

Секој жесток пијалак оди одлично со десерти. Многу од нив, како на пример румот и брендито, се дел од многу слатки рецепти. Покрај тоа, можете да експериментирате и со други оброци. Ако ги прашате Русите како се комбинираат вотката и храната, тие ќе ви речат дека вотката оди со каков било оброк. Сепак, најмногу уживаат да ја консумираат со чадена риба, краставички, јадења со компири и морска храна. Ако пак со ручекот сакате да се напиете виски, ќе треба претходно да си приготвите оброк со месо, а потоа да продолжите и со десертот.

Scotch-Chocolate-small-for-web

Сепак не постојат универзални правила

Иако претходните правила можат да ви помогнат во подобрување на вкусот на вашите оброци, сепак она за кое најмногу треба да се грижите е тоа дали вам ви се допаѓа одредена комбинација. Месото печено на скара и пивото се класична комбинација, но секое месо нема да ви се допаѓа со секакво пиво. Експериментирајте често и ќе го пронајдете вашиот омилен пар храна и пијалак, без разлика дали се сложува со овие правила или не.

Слични написи