Колчите во чаша секогаш се најдобриот избор доколку некого сакате да изненадите, времето потребно за подготовка на колачите во чаша е секогаш кратко, а можете да ги користите состојките кои ги имате на располагање. Резултатот секогаш е изненадувачки, токму затоа уживајте во слаткото задоволство.
Guinness Mug Cake
Понекогаш е многу подобро да ја излечите болката со колачи отколку со некој жесток пијалок, а токму за тоа никој неможе да ве обвини зошто јадете колаче додека сте сеуште на работа.
Honey Mug Cake
Го поминавте интервјуто за работа или пак добивте висока оценка на некој од вашите испити, тогаш вие сте заслужиле да се наградите себеси со овој колач кој покрај чоколадото содржи и мед. Доколку се одлучите за овој колач вие сте направиле вистински избор.
Nutella Mug Cake
Независно дали викендите ги поминувате во чистење на вашиот дом или пак се подготвувате за филмски маратон каде сакате да се опуштите и да заборавите за момент на сите работни задачи кои ве очекуваат, тогаш овој колач е вистинскиот за вас. Со сигурност во вашата кујна веќе ги имате сите состојки, па подвиткајте ги ракавите и подгответе го десертот кој ќе би помогне да се опуштите.
Vanilla Cake Cones
Технички ако погледнеме на овој рецепт тој всушност и не е во чаша, доколку сакате да го уживате овој мини колач многу лесно и брзо можете да го подготвите во корнет за сладолед, така секако и ќе се ослободите од дополнително чистење.