Коктелите во Дубаи

by ugostitelstvo.mk

Што да порачате во барот на највисокиот хотел во светот ? Burj Khalifa е највисоката зграда во светот, и изненадувачки е фактот дека е сместена во Дубаи, футуристичка оаза во пустина, која е во трка со времето да направи се најубаво, најголемо, најбрзо во однос на било кое друго место на земјата.

За евиденција, структурата на оваа зграда е 160 катови, или 2716 метри. За да се дојде до  барот наречен At. Mosphere, преку лифт, потребни се 90 секунди. Резервациите се од суштинско значење, иако се уште е лесно да се добијат. Се разбира, каква што е височината на барот, такви се и цените.

хотел

Во близина е Burj Al Arab, хотел во облик на едро од локален број, и скептично беше промовиран како прв хотел со седум ѕвезди, што и да значи тоа. Тешко е да не бидеш импресиониран во Дубаи. Сепак, колку и да ве фаќа вртоглавица, сигурно сте тука на патување. Кога ќе одлучите да се почестите со коктел, или можеби шампањ, за секој случај, погледнете во цените. На пример, чаша Ruinart, најефтината опција ќе ве чини 55 американски долари.Во однос на пригодата, најпопуларен пијалок во највискот бар на светот е коктелот наречен Авијација. Тој претставува мешавина на Џин, ликер од цреша од северна Италија, крем de violette и лимон. Тоа е сериозен пијалок што го заслужува Вашето внимание. Некои коктели чудно се миксирани, и ќе Ве оддалечат од реалноста, како и многу работи, кои тука го прават тоа.

r-de-ruinart-degustation-05

Необјасниви се коктелите добиени од ананас, вотка, магдонос, кафе, домати, шеќер, диња, јагода, рузмарин и Хималајска сол. Се во една чаша. Ако Ви дозволи Вашиот паричник, пробајте го и коктелот наречен ’27,321’, именуван по цената во Обединетите Арапски Емирати, односно околу 7500 фунти. Овој коктел е направен со 55 годишно, старо виски, Macallan, послужено над мраз од Шкотска, придружен со 10 каратно златна чаша, која гостинот ја зема за дома.Сепак, на врвот на екстравагантноста е коктелот ‘Diamonds are forever’ кој се добива од мешавина на L’Heraud Grabd шампањ-коњак, од 1906 година, Luxor Flake 24 каратно шампањско и кафеав шеќер. Се сервира во коктел чаша, со Сваровски дијаманти во стебло. Коктелот може буквално да се однесе дома, со чашата, но за 1350 долари, зошто и не би ?

Слични написи