Кој е најстариот ресторан во светот ?

by ugostitelstvo.mk
собрионо де ботин

Лоциран во срцето на Мадрид, овој ресторан е сертифициран како настар ресторан на светот според Гинисовата книга на рекорди. “Sobrino de Botin” е типичен шпански четирикатен ресторан, со фурна на дрва стара неколку векови, и докази кои датираат од 1725 за неговата автентичност.

Специјалитет на куќата е cochinillo asado – вкусно свинско месо со печена кожа, совршено крцкава, и Cordero asado – печено јагне готвено по стар Кастилијански рецепт. Најстариот ресторан во светот е основан од страна на французин во Calle Cuchilleros (улицата на ножевите) и првично бил наречен Casa Botin. Подоцна, внукот кој што го наследил местото го променил името во „Внукот на Болтин“, чиј превод од италијански значи токму тоа. Постојат гласини дека внукот Гоја работел како мијач на садови кратко време, пред да стане познат сликар, а потоа и наследник на овој ресторан. Ресторанот се споменува во Хемигвејската „Сонцето повторно изгрева“, американскиот писател кој бил редовен во ‘Ботин, па дури и го прогласил за омилен. Исто така, и локалниот новелист Бенито Перез Галдос, го споменал ресторанот во делото „Fortunata y Jacinta“. Ресторанот бил многу популарн кај туристите, но исто така често го посетувале и локалните жители, вклучувајќи го и самиот цар. Како и да е, со оглед на искуството за правење храна на најстариот ресторан во светот, се препорачува доколку имате можност да го посетите. Sobrino de Boltin е ресторан – музеј и сеуште е атракција за целиот свет.

ботино џуниорИако Sobrino de Botin во Гинесовата книга на рекорди го има како најстар ресторан кој не ја менувал локацијата, сепак на првото место постои Stiftskeller St. Petar, во Салцбург, Австрија. Прв пат се споменува во документ кој датира од 803 година, каде локалните жители тврдат дека тука се сретнале Мефистофелест и Фауст (ликови од митологијата). Сепак, ни еден од останатите ресторани  го немаат потребниот документ како доказ за најстар ресторан во светот. Останатите ресторани со кои датираат од далечното минато се: Zum Franziskaner (1421) – Стокхолм, Шведска, La Tour d’Argent (1500)- Париз, Франција, Die Letzte Instanz, (1621), Берлин, Германија, Tavares Rico (1784), Лисабон, Португалија, Rules Restorant (1798 ), Лондон, Англија,  Unioon Oyster House (1826) Бостон, САД, Yar Restorant (1826), Москва, Русија.

Слични написи