Кои се 4-те основни сосеви ?

by ugostitelstvo.mk
главна слика

Во уметноста на кулинарството терминот mother sauce се поврзува со еден од четирите основни сосеви, кои што се почетни точки за подготвување на различни секундарни сосеви или small sauces.

Tие се наречени основни (мајки на сосевите) бидејќи секој од нив на некој начин претставува глава на уникатно семејство сосеви.Сос е главно течност плус некој вид на загустувачки елемент заедно со другите состојки кои што го сочинуваат неговиот единствен вкус. Секој од четирите основни сосеви се создадени од различен вид на течност и различен вид на зацврстувачки елемен. Иако на три од основните сосеви зацврстувачкиот елемент е запршка, меѓутоа запршката е готвена со различно време на подготовка за да би се произвело посветла или потемна боја.Во продолжение на текстот ќе ги наведеме четирите основни сосеви и ќе дадеме примери за некои од секундарните кои всушност се подготвуваат од секој основен сос.

Béchamel сос

Béchamel е веројатно наједноставниот основен сос, бидејќи не е потребно за него да се прави залиха. Доколку имате млеко, брашно и путер, можете да си направите béchamel.Béchamel сос е направен од едноставна бела запршка и топло млеко. Сосот се зачинува со кромид, каранфилче и морско оревче, и се остава да крчка се додека не стане кремаст и кадифено мазен.

бешамел сос
Béchamel сосoт може да се користи како состојка во печени тестенини како што е лазањата, како и во касеролите. Но истотака е основа за неколку од највообичаените бели сосови, крем сосови и сосови базирани на кашкавал. Секундарни сосови, чија главна состојка им е бешамелот, се: крем сос, сос од сенф, сос од чедар сирење, mornay сос, soubise сос, nantua сос.

Espagnole Sauce

The Espagnole сос – шпански сос, истотака понекогаш нарекуван и кафен сос е малку покомплексен основен сос. Espagnole сосот е направен од густа кафена супа со запршка. Наликува исто како и velouté сосот. Главната разлика е тоа што еspagnole сосот во својот состав има томатно пире и микс од сечкан кромид, морков и целер, што му додаваат подлабока боја и вкус. Згора на тоа, густата кафена супа е направена од претходно испечени коски кои истотака ги додаваат бојата и вкусот.

сос
Espagnole сосот традиционално и дополнително е усовршен да произведе богат, длабок и вкусен сос наречен demi-glace. Demi-glace претставува почетна точка за подготовка на различни секундарни сосови. Demi-glace се состои од половина espagnole сос, половина кафена супа, што е потоа намалено за половина.За да скратите, можете и да го скокнете чекорот со demi-glace и да направите секундарни сосови директно од espagnole сосот. Ќе се изгуби малку од вкусот и изгледот, но секако ќе се заштеди време. Следуваат уште неколку секундарни сосови од espagnole сосот: marchand de Vin сос, Robert сос, charcutière сос, lyonnaise сос, chasseur сос, bercy сос, сос од печурки, madeira сос, port wine сос.

Hollandaise сос

Hollandaise – холандскиот сос не е како претходно спомнатите основни сосови, но како што ќе видите, како и другите тој е течност со зацврстувачки елементи плус зачини. Hollandaise сосот е цврст сос кој се подготвува со смеса од путер и топли жолчки од јајца. Што значи, тука течноста е стопениот путер а зацврстувачкиот елемент се жолчките од јајца.

холандесе сос
Hollandaise сосот совршено одговара доколку се комбинира со морска храна, зеленчук и јајца. Следуваат секундарни сосови од Hollandais сосот: béarnaise сос, dijon сос, foyot сос, choron Sauce, maltaise сос, mousseline сос.

Класичен доматен сос

Последниот, односно петтиот основен сос е класичниот доматен сос. Овој сос наликува на традиционалниот доматен сос кој што може да се користи на тестенини и пица, но има многу повеќе вкусови и се подготвува подолго време отколку традиционалниот.

сос од патчиџани
Најпрво додаваме солено свинско месо и ароматични зеленчуци. Потоа додаваме домати, супа и коска од сланина. Сè тоа се пече во рерна околу два часа. Готвењето на сосот во рерна помага да се стопли подеднакво без да се изгори.Традиционално, сосот од домати е загустен со запршка и некои готвачи сè уште го подготвуваат на тој начин. Но реално, доматите се доволни за да го загустат сосот. Следуваат неколку секундарни сосови од класичниот доматен сос: Spanish сос, creole сос, Portuguese сос и provençale сос.

Слични написи