Турист од Русија кој ја напишал почетната буква од своето има на римскиот Колосеум осуден е да плати казна во вредност од 20.000 евра, пренесе агенцијата Agenzia Nazionale Stampa Associata (ANSA).
42-годишниот турист од Русија бил фатен од надгледувачите на Колосеумот додека се обидувал со остар предмет да ја вреже буквата “K”, која била широка 17, а висока 25 центиметри.
Рускиот турист веднаш бил уапсен, а судот во Рим му изрекол казна затвор од четири месеци, која подоцна била заменета со парична казна. За оваа година тој е петтиот посетител на Колосеумот кој е казнет за оштетување на овој амфитеатар.