Доколку забележите дека вашата дрвена даска за сечкање изгледа малку поразлично, за да ја вратите во првобитната состојба се што ви е потребно е следното: лимон и морска сол. Со овие две состојки вие можете да ја исчистите даската и да се ослободите од мирисот и бактериите кои ги содржи оваа алатка.
Прво што треба да направите е да ја истурите солта врз даската.
А потоа исечете го лимонот на половина и полека со лимонот поминете ја целата површина од даската додека паралелно го стискате за да испушта сок.
Откако ќе го завршите процесот со лимонот, оставете ги неколку минути лимоновиот сок и солта да се соединат, а потоа со жиџа во мијалникот истружете ја целата површина од даската се додека целосно не се измие солта и лимоновиот сок, откако ќе ја измиете даската навистина ќе се изненадите од резултатот кој ќе го добиете – благодарение на лимоновиот сок вашата даска повторно ќе го добие првобитниот сјај.