Како се послужува кафе и чај

by ugostitelstvo.mk

Кафето е пијалок кој најчесто се послужува при престојот на гостинот во ресторанот. Тоа е често и последната порачка после главниот оброк и десерт. Бидејќи го придружува периодот од престојот на гостинот од како оброкот е завршен, што значи дека имаат можност да го дискутираат целосното искустов од нивниот престој, кафето мора да биде квалитетно, послужено според точните желби на гостите и секако со дополнителни финеси.

Послужување на кафе

Послужување кафе
Добро кафе се прави во чисти садови, со соодветни техники на подготовка и квалитетно кафе и вода, а се послужува на температура од околу 70 степени Целзиусови. Кафето на тацна или малечка чинија се поставува на десната страна пред гостинот, со дршката од чашата насочена кон десно, а малото лажиче се принесува на десниот раб од тацната или десно од неа. Принесете шеќер, крем, засладувач или слични додатоци. Кога ги надополнувате чашите со кафе никогаш не го допирајте работ на чашата и оставете престор за млеко.

Послужување на чај

послужување чај
Чајот е топол ароматизиран напиток кој се добива со потопоување на широк спектар на тревки, листови, цветови или екстракт од овошје во врела вода. Топол чај се послужува принесувајќи ќесичка од нарачаниот вкус заедно со керамички чајник полн со топла вода околу 85 степени Целзиусови. Гостинот самиот ја регулира јачината на чајот и го остранува ќесичето по желба. Ладниот чај, од друга страна, често се послужува со главното јадење. Тоа е претходно подготвен и оладен чај и се служи во високи и тенки чаши со мраз. Шеќер, мед, засладувач и парчиња лимон се најчестите додатоци на чајот.


За повеќе информации и консултации:

Regent Club – Training Center

тел. 02 / 3119-615
[email protected]

Слични написи