Задачата на послужувачот е да го контролира темпото на целото послужување на гостите со цел јадењето да тече глатко и да не биде ниту убрзано ниту одложувано. Бидејќи вие сте личноста преку кој гостите имаат контакт со кујната, мора да бидете сигурни дека оваа врска ќе функционира прописно.
Откако ќе добиете целосна нарачка треба да решите кога ќе ги пренесете нарачките во кујната за да бидат подготвени. Добро правило е да го известите готвачот за главните јадења точно пред да почнете со послужување на предјадењето. Доколку гледате дека гостите подолго време пијат коктели не брзајте со нарачките.Во помали кујни нарачките се пренесуваат во целост, а вие треба само да го известите готвачот што побрзо. Во поголеми кујни, послужувачот е оној кој го координира темпото на информирање на кујната за нарачките, а со тоа го контролира темпото на ручекот или вечерата.
Потребно е да го знаете времето на подготовка за јадењата кои се нарачани за сите делови од јадењето да бидат приготвени во исто време. На пример доколку гостинот нарачал средно-печен стек за кој времето на подготовка е 15 минути и салата за кое времето на подготовка е 10 минути, вие прво известете ја кујната за стекот, а после 5 минути и за салатата. Така двете нарачки ќе бидат подготвени во исто време. Секогаш бидете сигурни дека топлите јадења се топли, а ладните ладни.