Послужувач, претставува одличен начин да се заработи доволно, без да се работи од 9 до 5. Текстот подолу ќе Ви ги прикаже суштинските обврски на оваа професија и зошто тие се важни. Трите основни должности се : Да обезбеди пријатност кај гостите, активност при одржувањето и работата после гостите .
Обезбедување пријатен престој кај гостите – Што е разликата помеѓу угостителство и услуги ? Угостителството е пресрет на гостите, важноста тие да се чувствуваат добредојдени, да се биде пријателски насторен кон нив, и внимателен, кажано со еден збор, да ги третирате гостите како да се во Вашиот дом. Услугата од друга страна, е минимум во споредба со угостителството, односно, примање на нарачка, слушање на наредби, и чистење на табли и чинии. Услугата е дел од Вашата работа, но тоа е дел од она што треба да му го понудите на гостинот во вашиот ресторан.
Останатите должности на послужувачот се: Поздравување на гостите, демонстрација на менито, одговарање на прашањата од гостите, продажба на специјални понуди од ресторанот, опишување на одредено јадење, десерт, примање нарачки, справување со поплаките, обезбедување на задоволство кај гостите. Секоја маса е различна и ова секако не значи дека треба да се посвети еднакво внимание на сите. Некои маси, сакаат постојано да бидат во контакт со послужувачот, за разлика од други, кои сакаат да уживаат во својот оброк без да бидат вознемирувани. Ова е местото каде ќе треба да го искористите искуството за да ги процените гостите според нивните потреби.
Активност – Кога веќе послужувачот ќе ги поздрави гостите на масата, ќе ги земе нивните нарачки – што е следно ? Во овој дел веќе треба да се процени и моментот на дејствување, односно: принесувањето на храната, расчистување на празните чинии, дополнување на чашите, носење на додатоци – по барање на гостинот, осигурување дека храната е како што била нарачана, расчистување на сите чинии – кога гостите ќе завршат со главното јадење потребно е да се понуда десерт или пијалоци, уредно напалаќање на сметката (кога гостинот ќе го побара тоа), јасно заблагодарување кон гостите за нивната посета, и помагање на друг начин по потреба. Важно е да се напомене, дека како послужувач, овие должности треба да се извршат на секоја маса која е под Ваш надзор. Треба со Вашето искуство да придонесете со внимание кон сите гости, и обезбедување најдобра услуга. Ова може да е тешко, ако сте навистина зафатен, но добро ќе биде ако се обидете да ја зголемите ефикасноста.
Работата после гостите – Можеби ова е делот кој не е баш омилен кај послужувачите, но тоа значи дека нивната работа е речиси завршена. Овој дел е посветен на чистењето откако гостите ќе го напуштат рестоанот. Должностите се разликуваат од ресторан до ресторан, но во глобала – тие се: чистење на масите, повторно полнење на сол, бибер, шеќер, маслиново масло итн., чистење на машината за кафе, полирање на приборот за јадење, дополнување на пијалоци во фрижидерот, бришење на менито, обработка на сметките, и средување на парите и добиениот бакшиш. Речиси готово ! Досега сме пишувале честопати за послужувачот како личност и неговите работни задачи, доколку се придржувате до предлозите што Ви ги препорачуваме, Вие треба да изброите добар бакшиш. Можеби ќе го поделите со останатите вработени, но гордо ќе напоменете дека заслугата е Ваша.