Како да зготвите совршено филе

by ugostitelstvo.mk
риба

Филе е месо без коски, добиено од месо или риба, а мињон е француски збор што означува вкусно. Заедно, филе мињон означува вкусно филе.  Нема причина да бидете скептични во обидот на готвењето на филет. Тоа е едно од најлесните работи кои можат да се зготват. Совршеното филе е солено, крцкаво однадвор, а сепак меко и сочно во внатрешниот дел. Да започнеме !

Како да изберете добро парче филет ?

При купувањето на филе, или говетскиот стек погледете ги рабовите каде  е исечено. Следете ги следниве насоки : Месото треба да има добра боја, да изгледа свежо, но не влажно. Работ каде е пресечено месото треба да биде мазен, а не парталав. Ако е паковано местото, избегнувајте месо со вода на дното од пакетчето, или со течни остатоци. Тоа треба да биде ладно на допир.

Како се готви филе мињон ?

При готвење на филет, земете го во предвид печењето на скара, во рерна, а може да го приготвите и со династање. Најдобар начин да се готви филе, е да биде во контакт со директна топлина. Долгиот и бавен процес, може да го исуши месото, да го намали вкусот но и мекоста на месото, исто така. Во глобала земено, тоа има најдобар вкус кога се готви на средна температура.

месоСовет: Без разлика на методот на готвење, постојано надгледувајте ја температурата. Ако го готвите месото на скара, решетката да биде директно над јагленот, а ако скарата е на струја, регулирајте ја топлината од најмногу на средно ниво. Ставете го филето на скарата, и затворете ја со капак. За месо со големина 2,5 цм, готвење на скара 10-12 мин на температура од 60 степени Целзиусови. За месо со дебелина 4цм гответе од 18 до 23 мин на темперарура од 65 до 70 степени целзиусови.Пренесете го месото на послужавникот и покријте го со фолија, и оставете го да остоти 5мин пред сервирањето.

Како да го зготвите филето во рерна. 

Изберете добро парче, кое ќе одговара на тавата која ја имате. Ако месото е преголемо за тавата, сокот од месото може да изгори. Ако е премногу мало пак, сокот може да испари. Попрскајте со масло во спреј, или едноставно користете четка. Загрејте ја тавата на висока топлина, ставете го месото внатре, и потоа намалете на средна температура. Не додавајте никаква течност и не ја покривајте тавата. Гответе на средна температура 10 до 13 минути. Ако месото за брзо време изгледа дека е испечено од надворешната температура, намалете ја температурата. Кога месото е готово, ставете го во фолија да постои 5мин, а потоа сервирајте.  Бидејќи филето не се служи сам, додадете сос, или користете го сокот од месото во правењето на сосот. Во сосовите може да додадете свеж зеленук, мајчина душица, оригано, сирење, рузмарин, путер од ореви.

рернаРецепт : 2 филети лосос, кора од портокал, или сок, маслиново масло или бибер, и зеленчук по вкус. Изрендајте го ја кората од портокалот, посолете ги филетите и ставете ги на решетката да се прават. Во зависност од лососот, печењето трае 20-40мин. Кога ќе го извадите капнете неколку капки портокал, маслиново масло и можете да додадете толчени бадеми, кои многу добро се вклопуваат. Уживајте

Слични написи