Како се јаде риба и морска храна

by ugostitelstvo.mk
главно јадење

Морски плодови се добиваат од водни животни како риби, мекотелци и раковидни животни. Овие животни во себе содржат протеин и се користат во многу кујни во светот. Овој поим исто така се употребува и за водни состојки како морски ракчиња и др. Терминот не е ограничен на ,,морски” суштества бидејќи тој опфаќа и слатководни животни. Многу морски растенија исто така се јадливи, како на пр. морска марула и нори кои се видови на морска трева и најпрости алги, но не се сметаат за морски плодови како такви. Но како е најдобро тие да се подготват ?

ЈАСТОГ

јастогЦелиот јастог ќе стигне на вашата маса најверојатно веќе исечен на две половини, овозможувајќи лесен пристап до месото со ножот и вилушката. Доколку тоа не е така, во ред е да се користи вилушката за одржување на стабилност на школката со вашата рака при разбивањето. Сепак, големите канџи најчесто доаѓаат разбиени, но ако не се, ќе треба да користете специјален кршач за канџите на јастогот. Откако ќе се раскршат канџите, повлечете го месото со вилушката. Ако сакате да го извадете месото кое е ‘скриено’ во канџите, користете специјален алат наречен лопатка за јастог. Ако процесот на ослободување на месото од канџите е комплициран процес за вас, и се што сакате е да уживате во јастогот, тогаш побарајте веќе подготвен микс, со потенцијален вкус на јастогот, наречен  Thermidor. (смеса од варен јастог, жолчка од јајце и ракија или коњак, полнети во јастог школката).

ШКОЛКИ

Користете ги празните школки како клешта, за да го извадите месото од останатите школки. Користењето вилушка е исто така прифатливо. Ставете ги сите празни школки на определеното место и користете ја чинијата за чистење на прстите правилно. Натопете ги прстите во чинијата, секоја рака посебно, потријајте нежно за да се отстране лепливоста а потоа исушете се со салфетка.

ЈАДЕЊЕ НА ЦЕЛА РИБА

цела рибаРаботете на само една страна на ‘рбетот одеднаш, и тоа од главата кон опашката. Делете го месото од рибата на прифатлива големина за џвакање. Никогаш не вртете ја  целата риба за да дојдете до месото на другата страна – тоа што е етички – нежно повлечете ја целата коска на средина, и ќе дојдете до посакувниот залак. Малите коски ги повлекувате од устата со прсти и ги оставате на определеното место. Кога се двоумите, порачајте филе. Во подобрите ресторани, доколку сакате, келнерот ќе направи филе од рибата, на вашата маса.

РАКЧИЊА

Ако ракчињата стигнат на масата непроменети во формата, односно само зготвени, започнете со отстранување на главата и опашката, а тоа го правите со затегнување на краевите со остар алат. Излупете ја школката, почнувајќи од долната страна каде нозете се сретнуваат со телото.  Ако тоа не ви оди најдобро, дискретно свиткајте го делот на спротивната страна  од нормалната форма, и лушпата од телото сама ќе се отстрани. Потоа, отстранете го црниот ‘конец’ кој се наоѓа по должината на грбот пред да го јадете месото. Отстранете ја лепливоста од прстите во чинијата со вода, а потоа исушете ги прстите со салфетка.

Слични написи