КАКО ДА ГО ДИЗАЈНИРАТЕ РЕСТОРАНОТ СПОРЕД ФЕНГ ШУИ

by ugostitelstvo.mk

Фенг шуи има што да им понуди на рестораните, притоа помагајќи им на сопствениците да создадат баланс помеѓу безбедноста и удобната околина. Тактичкиот дизајн им помага на гостите да се релаксираат , охрабрувајќи ги да останат подолго и да се вратат повторно. Различните ресторани создаваат различни видови на амбиент, од трендовски, до фамилијарен стил, а сите од нив можат да користат Фенг шиу принципи во нивниот дизајн.

ВРАТАТА ЗА ВЛЕЗ

Влезната врата мора да прикажува топлина и отвореност, овозможувајќи лесен пристап за сите гости. Исто така, удобно место за причекување, со доволен простор за останатите гости да влегуваат и излегуваат од ресторанот дава одличен прв впечаток. Сепак, влезот треба да биде одделен од главниот простор за јадење, за гостите да не чувствуваат дека некој постојано ги гледа.  Украсете го влезот со уметнички дела или други интересни работи кои одговараат со темата на ресторанот.

РАСПОРЕД

фенг шуи
Распоредот треба да создаде чувство на отвореност, како и широки патеки за луѓето да можат да се движат низ ресторанот без никакви нарушувања. Клучна е и распределбата на масите, така што гостите ќе можат лесно да стигнат до тоалетот или кон излезот без да се движат низ останатите маси. Во кујната погрижете се вработените да имаат доволно простор за безбедно и ефикасно да работат. Целокупниот простор во целина треба да дава чувство на рамнотежа.

АКУСТИКА

Во многу ресторани, луѓето мора да се “борат” за да се слушнат еден со друг, што не претставува хармонична средина. Користете решенија, како што се повеќе мали простории или голем ѕид со завеси, за да се апсорбира звукот и да се овозможи полесна комуникација.

БОИ

распоред

Топлите бои како портокалова, црвена и розова го зголемуваат апетитот и разговорот. Тие исто така создаваат атмосфера за добредојде која им помага на гостите да се чуствуваат опуштено. Според Фенг Шуи, сината боја како и елементите со вода – како фонтаните ги охрабруваат луѓето да консумираат повеќе алкохол.

ОСВЕТЛУВАЊЕ

Пригушеното  осветлување води кон удобност, односно добредојденост, што е создадено од самото светло. Ресторант што ги користи Фенг Шиу принципите треба да има слаба светлина, која сепак е доволна за гостите да се видат меѓу себе, а и околината. Свеќите создаваат романтично расположение, додека пак нежното осветлување директно создава удобно чувство на приватност.

ДРУГИ ЕЛЕМЕНТИ

ументност
Добро поставените огледала и уметничките дела може да придонесат за  амбиентот во ресторанот. Бидете сигурни дека огледалата рефлектираат пријатна глетка, и се смета дека нивното користење ќе создаде ефект на поголем простор. Уметничките дела каде преовладуваат сцени со среќни лица, може да им придонесат  позитивни искри на гостите. Секогаш користете елементи кои одговараат со стилот на Вашиот уникатен ресторан. Размислете како овие предлози влијаат врз Вашите погледи за совршен ресторан.

Слични написи