Како да ги натерате деца да јадат зеленчук

by ugostitelstvo.mk

Oбидувањето да го научите детето да јаде зеленчук, некогаш може да биде макотрпно и залудно потрошено време, но честопати тоа може да биде и голем успех ако зеленчукот го подготвите правилно.

Витамините и минералите кои ги содржи зеленчукот може да  биде од голема помош во развојот на децата, па затоа честопати се обидувате на некој начин да го “подметнете” зеленчукот во ручекот но најлесно да го постигнете посакуваниот резултат е да ги натерате децата да го сакаат зеленчукот, а тоа можете да го постигнете доколку внесете малку креативност во подготовка на истиот.

Многу деца па дури и возрасните се чуствителни на горчливи вкусови, што значи дека здравиот зеленчук како што се брокулите, зелката, спанаќот и зелјето имаат многу одбивен вкус кој тие неможат да го уживаат.

Сепак горчливиот вкус можете да го ублажите доколку додадете маслиново масло, малку сол, бибер и останати зачини како босилок или пак црн пипер, а потоа се заедно ставете во рерна. Печењето на зеленчукот ги ослободува благите вкусови и природниот мириси, а сето тоа вашите деца може да го сакаат.

kids-salad-shutterstock-crop
Користењето на зачините со зеленчукот може да биде од голема помош, сепак тука постои уште еден начин како да го донесете зеленчукот на вашата секојдневна трпеза, а тоа е со користење на сосови. Готвачот Bill Telepan сопственик на Telepan and Telepan Local кој се наоѓа во Менхетен, а исто така татко на дете кое обожува зеленчук препорачува зеленчукот да се измеша со песто сос. Основниот песто сос можете да го приготвите со босилок и рукола или спанаќ измешано со рендан пармезан и маслиновото масло. Користете го како макало или пак комплетно покријте го зеленчукот со сосот.

Екпериментирањето додека готвите не секогаш се препорачува, но додека вие се забавувате додека ја приготвувате храната навистина може да се вклучат и вашите деца кои подоцна ќе бидат иснпирирани да го јадат зеленчукот кои сте го подготвиле.

Слични написи