Каде уживаат најдобрите готвачи на светот?

by ugostitelstvo.mk

Иако готват во најдобрите и најелитни ресторани, светските готвачи ги откриваат најдобрите ресторани во Европа, каде тие уживаат во квалитетно приготвената традиционална храна.

“La Merenda” – Nica 

Овој ресторан нема телефон и не работи за викенд. Малиот и шармантен ресторан во стариот дел од Ница е еден од рестораните кои се уште го имаат задржано античкиот изглед. Готвачот Dominique Le Stanc, кој порано работел во познатиот и наградуван ресторан “Le Chantecler”, во хотелот Negresco, го преземал овој ресторан, во средината на деведесетите години, како место кое што веќе 20 години сервира традиционална храна. По преземање на ресторанот променето е многу малку, храната се припрема во едноставна отворена кујна, менито е напишано на зелена табла со креда, а понудената храна се менува во зависност од годишното време. Цената на главното јадење изнесува приближно до 1350 долари.

La-Merenda-bistro

“Bodega Donostiarra” – San Sebastian

Овој традиционален бар, основан е во 1928 година во областа Грос, во Шпанија. На ова место ќе наидете на постојани гости, но и на многу познати ѕвезди, во периодот кога се одржува меѓународниот филмски фестивал. Обилното мени располага со баскијски тапас и печено месо, проследено со чаша одлично локално вино. На главното мени во овој ресторан се морските специјалитети. Уживањето во овој ресторан ќе ве чини 4.500 долари за едно лице.

bodegadonostiarra4 (1)

“Tapas 24” – Barselona

Сместен во пријатна подрумска просторија “Tapas 24” , има кратко мени на солени јадења, кои се јадат со прсти. Покрај тапасите се сервираат и каталонски специјалитети како што е тост со сирење и шунка, украсен со црни тартуфи. Тука спаѓаат и бургерите McFoie кои се познати по мешање на повеќе видови месо. Цената на предјадењето е близу 30 евра.

24 tapas

“Chez Georges” – Pariz

Иако во главниот град на Франција постојат повеќе ресторани со ова или слично име, старомодното бистро  “Chez Georges”, кој е лоциран во латинскиот дел, е ресторан кој вреди да се посети. Ресторанот кој е отворен во 1964 година од George Brulee, остава впечаток дека и покрај толку години во овој ресторан променети се многу малку работи, од ентериерот на ресторанот па се до постојаните гости. Ресторанот е отворен пет дена во неделата, а цената на главното јадење е приближно 2,200 долари.

Chez Georges - Pariz

“Kizilkayalar” – Istanbul

Сопствениците на овој ресторан за брза храна кој се наоѓа на плоштадот Таксим, од секогаш посакувале храната која што ќе ја служат да биде различна од сите останатите ресторани, кои биле отворени во 1970тата. Специјалитетот на овој ресторан се нарекува „Islak“ бургер кој е потопен во сос од домати, лук и маслиново масло.

Kizilkayalar- Istanbul

“Ostermalms Korvspecilist” – Stokholm

Народот од Шведска би се согласил дека најдобриот хот-дог на светот е во Стокхлом. Помеѓу локалното население тој е познат како „Бруно“. Името е дадено по германските доселеници кои ја отвориле првата сендвичара во која се продавал хот-дог, во близина на пазарот Östermalms Saluhall. Изборот е голем и можете да избирате од аргентински, унгарски, словенечки, па се до швајцарски, австриски или германски хот-дог. Сепак, тука можат и вегетаријанците да најдат нешто по свој вкус.

Ostermalms Korvspecilist - Stokholm

“De Kas” – Amsterdam

Готвачот Gert Jan Hageman, ја спасил од уништување зградата во која имало детска градинка,  на југоисточниот крај од Амстердам и во неа во 2001 година отворил ресторан. Обновен со стакло, сега тој е тренсформиран во модерна дневна соба полна со природна светлина. Размислувајќи како да го подобри квалитетот во својот ресторан, тој одлучил да засади овошје и зеленчук на својата сопствена плантажа која е одалечена само 10км, кои потоа ќе ги користи во медитеранското мени на ресторанот. Цената на главниот оброк во овој ресторан е близу 150 евра.

De Kas - Amsterdam

Слични написи