Јастог – од затворска храна до луксуз!

by ugostitelstvo.mk

Јастогот не бил отсекогаш ценет и популарен. Во далечниот XVII век, овој голем морски рак се сметал за неквалитетна стока, соодветна како храна само за затворениците. Со години, јастогот бил симбол на сиромаштија, наменет само за слугите и војниците, кои го консумирале со негодување и презир.

il_340x270.625433798_exrsПа како тогаш оваа морска бубачка се издигнува до рестораните со 5 ѕвездички, за денес да биде неизоставен дел од секое fine-dining мени?! Се се сведува на аголот од кој ги гледате работите и малку реклама.

На почетокот на XIX век, јастогот е донесен на бреговите на Северна Америка каде, во форма на конзервирана храна, започнува да се служи како оброк во патничките возови. Низ годините, оваа мистериозна морска храна почнува да ужива популарност кај жителите на континенталниот дел на Америка кои до тогаш ја немале таа “привилегија” да вкустат ништо слично.

 

До почетокот на Втората Светска Војна, јастогот е на врвот и продолжува да станува се по популарен, присутен на менијата на светските врвни ресторани, само затоа што некои досетливи менаџери на железниците во тоа време ги навеле патниците да веруваат дека оваа огромна морска бубачка е “фенси” јадење.

Фактот дека овој тренд е присутен и денес, докажува дека вредноста зависи од тоа како гледате на работите.

Слични написи