Гледајки во книгата на Гинисови рекорди, во категоријата “најстари хотели во светот”, победникот се наоѓа во Јапонија, а основан е во далечната 705-та година.
Хотелот “Keiunkan” е изграден на место каде се спојуваат реките Hajakava и Jukava, а истата локација исто така е и една од најстарите бањи во светот. Со прекрасниот поглед кон околните планини и реки, хотелот го има задржано својот традиционален изглед, а низ годините има променето дури 52 сопственици. Оваа бројка воопшто не е голема знаејки дека овој хотел постои повеќе од 1000 години.
Според критиките од посетителите, овој хотел нуди совршенa услуга, извонредна храна и удобно сместување, а ова е резултатот од долгогодишната традиција во хотелиерството и редовното обучување на вработените. Хотелот се состои од 35 апартмани уредени во јапонски минималистички стил, а цената почнува од 269 американски долари за една вечер, а во истата вклучена е можноста да се ужива во многуте термални базени со кои располага хотелот како и природниот избор кој е недалеку од хотелот.
Доколку го посетите овој хотел една работа која може навистина да ве изненади е тоа дека многу од вработените воопшто незнаат дека всушност работат во еден од најстарите хотели во светот. И покрај тоа, љубезноста на услугата е на високо ниво, па многу хотели во светот би можеле да научат нешто од најстариот хотел во светот.
Доколку сакате ловци на рекорди, сега знаете каде е вашата следна дестинација!