Голем потенцијал за развој на алтернативниот туризам на Беласица

by ugostitelstvo.mk
беласица

Македонија, Бугарија и Грција заеднички ќе прават стратегија за привлекување туристи на Беласица. Целта е да се приберат повеќе приходи преку развој на алтернативниот туризам. Нашите соседи имаат развиена инфраструктура во нивниот дел. Потребна е работа на наша страна…

Горостасната Беласица, потенцијална за развој на алтернативниот туризам. Претставници од Македонија, Бугарија и Грција разработуваат стратегија како туристите да дојдат и да уживаат во природата и реткостите со кои се кити оваа планина. Од грчка страна, езерото Киркена носи вљубеници во ретки птици.

Месното население кое живее во реонот на езерото Киркена, кај нас во Грција живее од алтернативен туризам. тука доаѓаат вљубеници во ретки птици, кои тука ги има во изобилие и времето го минуваат во нивно небљудување, вели Хрисанта Зиду, претставник од Грција.

Населението кое живее во Беласичкото подгорје од македонска страна испушта да заработува 500 евра месечно, сметаат локалните угостители. Најголемиот проблем е немањето сместувачки капацитети.

Треба едукациуја на месното население. Ако сопружниците од околните села изнајмувааат по три соби, а воедно и им готват храна на гостите, може да заработуваат и по 500 евра месечно, смета Зоран Танчев- угостител.

смоларски водопади

Експертие предлагаат Беласица да остане во оваа форма, без големи хотелски капацитети или интервенции кои би ја уништиле природата. Во Бугарија и Грција има туристички агенции кои ги носат гостите да ја видат Беласица од сите страни.

Беласица има голем потенцијал за алтернативен туризам. Ги имате тука најголемите шуми од костен на Блаканот, ретки птици, езера, реки. едноставно многу убава природа, смета Владимир Милушев, претставникот од Бугарија.

Вклучените во проектот „Беласица без граници“, ќе градат еко патека од Банско до габрово, прва темстска на југоистокот, по која ќе бидат обележани и објаснети сите видови на флората и фауната, со инструкции за нивно користење.

Ќе ги пишува кои видови дрвја, чаеви, кога да се берат, како да се користатвели Александар Лазаров, ЕД Планетум.

Проектот го спороведуваат пет организации од трите држави со поддршка од Германија.

Превземено од mrt.com.mk

Слични написи