Глутен во храната

by ugostitelstvo.mk

Глутен не се наоѓа само во храната направена од зрна (пченица, јачмен, ‘рж и овес). Глутенот е скриен насекаде, и не под името глутен, но под различни имиња и етикети. Дури и постојат производи каде што воопшто не е ни спомната на декларацијата.Глутен е протеин составен од две фракции: на глутенин и глијадин. Кај некои луѓе постои генетска подложност на глутен нетолеранција, и фракции, глијадин, која се пројавува како глутен ентеропатија. Во овој артикал можете да видите каде најчесто е застапен глутенот. 

Пченка

пченка
Се појавува како состојка во над 3.000 прехранбени производи. Се јавува во лебот, житариците за доручек, брашното и разни пекарски производи, слатки, масло, скроб, виски, џин, водка, супи, итн. А како засладувач се јавува во форма на сируп, декстроза, фруктоза, и многу повеќе.

Пченкарно брашно

Може да се добие од мелена пченка и има поголема трајност од онаа која е технолошки обработена до 15 дена. Главно се користи за добивање на сосови, супи и варени јадења, но може да се користи и во изработка на бисквити, колачи и леб.

Ориз

ориз
Претставува примарна храна за повеќе од половина од светската популација. Тој е лесна и добро сварлива храна со ефикасност до 95,5%. Многу помага при лечење на дијареа, скробот од оризот се апсорбира пополека и го одржува нивото на шеќер во крвта во нормала. Затоа им се препорачува и на дијабетичарите, посебно кафејавиот ориз. Тој не содржи никакви глутени и е погодна храна и за оние кои се алергични на глутен. Сите видови на ориз содржат јаглехидрати, протеини, витамини и минерали, а не содржат масти и холестерол. Оризот има висока калориска вредност.

Палента

Погодна за готвење палента. Во продажба може да се најде како  обично палента жито, кое се  готви 40-50 минути, или готова  инстант палента која се готви помалку од 5 минути.

Пченкарни снегулки

fruit_and_nut_crunchy_muesli

Се добиваат  од пченкарен гриз. Тие содржат многу калциум и железо, се користат во комбинација за појадок како мусли, а потоа со млеко или јогурт.

Слични написи