‘Јадењето надвор’ претставува различни искуства на јадење, додека јадењето во ресторан е универзалено. Иако Вие сте гостинот односно клиентот, малку шарм би помогнал во големото внимание добиено од страна на послужувачот.
ИЗБОР НА МАСА
Ако не сте задоволни со изборот на масата, прашајте дали е можно да бидете сместени на друга маса, и направете го тоа без да предизвикате големо нарушување. Ако послужувачот и помага на госпоѓа или госпоѓица при седнувањето на своето место, таа треба грациозно да прифати, и да почека до допирањето на столот до задната страна на колената пред да почне да седнува.
ВИНО И ВОДА
Ресторанот треба да понуди флаширана вода, и исто и од чешма. Некој треба да ја превземе контролата за порачување на вино, а тоа треба да биде личност чие знаење за вината е на завидно ниво.
ПОРАЧУВАЊЕ
Кога јадете во група, треба да се потрудите да го поедноставите изборот со претходно пребројување. Штом ќе изберете, затворете го Вашето мени. Ако знаете дека некој друг ќе се погрижи за сметката, порачајте скромно. Доколку Вие сте тие, нагласете им на гостите дека тоа е на Ваша сметка. Обично, секој гостин на масата се служи во исто време. Причекајте да стигне јадењето за сите, пред да започнете. Ако Вашето невообичаено заостанува, инсистирајте другите да започнат, и консултирајте се со послужувачот каде е Вашата порачка. Порачување на храна која не е на менито, или храна која е дефинирана како Специјална храна, е се почеста. Но, често може да доведе до погрешен впечаток, односно арогантност, или грубост. Останете свои, и скромни.
ЖАЛБИ И ПОПЛАКИ
Ако сте незадоволни од храната, дискрено и со минимална гужва, побарајте разумна промена. Бидете свесни дека прекумерното жалење може да им ја расипе вечерата на Вашите другари.
ПЛАЌАЊЕ
Ако настанот беше организиран од Ваша страна, Ваша одговорност би било да ја платите вечерата (освен доколку претходно имало друг договор). Ако сметката треба да се подели помеѓу сите, поделете ја подеднакво, така што во глобала сите пијалоци и јадења би изгледале поефтини. Секогаш оставете соодветен бакшиш, освен ако услугата била исклучително лоша. Сепак, останете дами и џентлмени, и заблагодарете се во секој случај.