Дефиниција за Agar

by ugostitelstvo.mk

Agar е природна форма на желатин кое се добива од црвени алги. Алгите се достапни како ленти, а може да се добие и во прашеста форма. Агарот најчесто се користи во подготовка на желе, полнење на пита и останати десерти, а е откриен од страна на Миноја Тароземон од Јапонија. 

Една од состојките која се користи во подготовка на јапонскиот десерт познат како Yōkan е агарот. Бидејќи е направен од билки, агарот е често користен во подготовка на желатин кој подоцна е користи во подготовка на вегетаријански јадења. Сепак употребата на оваа билка не застанува тука, таа се користи и на едно од најспецифичните места – молекуларната гастрономија каде го користат за подготовка на пена што може да се каже дека е адна од најдобрите кулинарски иновации.

агар
Покрај достапноста и употребата во кујните, агарот си има пронајдено и свое место во баровите. Најчесто се користи како конвенционален желатин кој е растворен во течност, се врие кратко време и потоа се става во калап за да се добие посакуваната форма по штп тој може да се послужи.

желатин

Познато е дека агарот има 3 до 4 пати погуста смеса од сите останати желатини, па доколку размислувате да го замените класичниот желатин за агар тогаш потребно е да знаете дека треба да користите значително помалку смеса.

Слични написи