404
Кафето во Црна Гора ќе поскапе за 50% откако почна примената за Законот за данок на кафе, најавија црногорските производители. Како што пренесуваат тамошните медиуми сопственикот на компанијата Мокамард која го произведува кафето Копа и ММС, Драган Марковиќ изјави дека е неминовно поскапувањето на кафето во малопродажба помеѓу 40% и 50% во однос на цената во моментов.

Дали кафето ќе поскапе за месец или порано зависи од залихите, но штом залихите ќе се приближат до крајот, поскапување веднаш ќе има. Според неговите пресметки, едно ќесенце кафе од 100 грама ќе биде 90 центи или едно евро.
Превземено од еМагазин