Бисквит торта со кафе

by ugostitelstvo.mk
торта со бисквити

Состојки:

  • 250 г. маргарин
  • 6 јајца
  • 250 г. шеќер
  • 200 г. црно чоколадо за готвење
  • големо пакување бисквити, 500 г.
  • 250 г. шеќер во прав
  • 1/2 л. силно црно кафе.

Подготовка:

1. Одвоите ги белките од жолчките. Жолчките изматете ги заедно со половина количина шеќер, да биде пенасто и гответе ги на пареа, додека не се згуснат. Кога ќе се олади, додадете изматен маргарин заедно со другата половина од шеќерот. Измешајте ги маргаринот и жолчките и во тоа додадете истопено чоколадо.

2. Белките изматете ги и постепено додавајте ги во кремот со жолчките, мешајќи со дрвена лажица.

3. Згответе го кафето, и во него потопете ги бисквитите. Редете еден ред бисквити, еден ред фил.

Слични написи