Техники на термичка обработка на храна

by ugostitelstvo.mk

Готвењето без рецепт е лесно ако знаеш успешно да ги извршуваш следните техники. Печењето сепак е секојдневна рутина која се користи при готвењето. За да го зготвите најсовршеното јајце, треба да знаете кога да запрете. При готвење на јајце отстранете го садот кога жолчката е доволно ‘течна’ но сепак, доволно зготвена. Со тоа ќе се спречи јајцето да биде препечено и исушено. Кога печете месо, пиле или риба, готвењето на пониска температура – подолно време е обично најдобро, само бидете сигурни да го завршите печењето веднаш штом ќе ја достигне правилната внатрешна температура.

Варењето е метод на делумно готвење на зеленчук кој што се става во вода што врие и веднаш се потопуваат во мраз за да се запре готвењето. Во зависност од структурата на зеленчукот, тие треба да се варат од 3 до 7 минути. Варењето го забавува губењето на вкусот, бојата и хранливите материи.

Вриење

Кога готвите нешто во течност, важно е да се обрне внимание на температурата на течноста. Варењето (значи готвење нешто во вода која е 100 степени Целзиусови) е добра техника за многу житарки и зеленчук. Осигурајте се дека водата создава големи меури низ целата површина а потоа потопете го она што сакате да се готви и оставете го да се вари додека да стане меко. Варењето не треба да се меша со тлеење односно бавно вриење, тогаш течноста ќе предизвикува мали, само на моменти, меурчиња.

варење

Динстање

Овај метод на бавно готвење е одличен за тешки парчиња месо. Постојат два начини на готвење и тоа на големи парчиња месо, и на мали. Големите парчиња се делумно покриени со течност, додека малите се целосно покриени. Тајната на готвењето? Додадете малку сенф. Никој нема да го препознае чудниот, пикантен вкус. Гответе полека на тивок оган додека местото не е зготвено за да се топи во уста.

Печење во рерна

Перфектен начин да се зготват голем број на јадења кои се готват на пониска температура подолг период на време. Начинот се однесува на висока сува температура, брзо давајќи и на
храната убава кора. Во рерната може да печете парчиња леб, пилешко, зеленчук.

Пржење 

Секоја храна која е готвена во топли масти технички е пржена. Иако ние често мислиме на храна која е потполно потопена со масти. Клучот на одличното пржење е одржувањето на совршената темпетратура и ставањето на доволно масти. Повеќето пржења се случуваат измеѓу 165 и 175 степени Целзиусови. Пржењето на повисока температура може да предизвика готвење на надворешната страна на храна, но сепак внатрешноста да не е  целосно готова. Додека пак готвењето на пониска температура од назначената ќе предизвика впивање на мастите и храната ќе биде многу мрсна.

Печење на скара 

Оваа техника на готвењето на жешко железо се однесува на храната над метална решетка врз отворен оган. Начинот на готвење и дава на храната прекрасна арома, но сепак таа станува брзо сува. Осигурајте се скарата да е совршено загреана секој пат кога ставате храна на неа и превртувајте ја истата неколку пати, за да не добиете изгорен ручек. Има и друг начин на печење чија единствена разлика од стандардното печење е тоа што храната се пече на помала температура, а храната воедно е покриена. Голема е придобивката од топлиот воздух кој кружи во затворениот сад. За да се задржи сочноста на храната, се користат помалку масти, а се додава прелив од зеленчук. Може месото исто така да се намачка со маслиново масло со четка за да се добие фантастичен вкус.

W-SassySalsaBarbecueSauce
Готвење на пареа

Како што нагласува името, овај метод се користи преку пареа добиена од вода која врие. Обично се користи храна која треба да се зготви нежно, како јајце, пудинг, да се стопи чоколадо итн. За да се готви на пареа, ќе ви треба сад заоблен на дното, за побезбедно готвење. Наполнетиот сад со вода, и заоблениот сад, да имаат растојание од 2-3сантиметри. Ставете ја во заоблениот сад планираната храна, и гответе додека не се добие саканиот ефект.

Слични написи