Badel го претстави Korlat ликерот од аронија

by ugostitelstvo.mk
корлат бадел

Korlat е посебен развиен проект на Badel 1862, кој се одвива во рамките на Винарија Бенковац на надморска височина од 300 метри, каде што се мешаат медитеранската и континенталната клима.

Последните неколку години своите развојни напори ги насочуваат за развој на премиум производи кои што претставуваат оригинална хрватска приказна. Во првата серија на производи Korlat ликер од аронија, фокусот е поставен на создавање рецепти. Тие сметаат дека на овој начин успеваат да развијат квалитетен модел на соработка со регистарот на семејно земјоделските фарми.Се зборува за ликерот кој што е направен од ракија, како и концентриран сок добиен од кисели и горчливи плодови од чудотворната аронија. Аронијата навистина е чудо од билки и е позната како лековита низ светот. Оваа сибирска боровница, како што ја нарекуваат поради тоа што може да поднесе температура до -50 степени, во секоја смисла делува благотворно и лековито на организмот.

корлат  бадел

Алкохолната јачина за која што се определиле, како и на која создале најдобар баланс од овој единствен ликер изнесува 20% вол., додека уделот од концентрираниот сок изнесува 50%. Korlat ликерот од аронија претставува врвна состојка и секој што знае да ужива во нешто посебно, ќе знае да ја препознае. Внимателно е негуван во barrique бавчи, со што е зачувана карактеристичната винска нота на овој пијалок.Според стручњаците од Badel 1862, ликерот најдобро е да се послужи оладен на температура од 10 степени, во вински чаши бидејќи на тој начин неговиот богат вкус најмногу доаѓа до израз.

Слични написи