Ана-Софи Пик – најдобрата готвачка од Франција

by ugostitelstvo.mk

Ана- Софи Пик е родена на 12 јули, 1969 год и е најпозната готвачка која добила три Мишелин ѕвезди за нејзиниот ресторан ’La Maison Pic’, во Валенсија, југоисточна Франција. Таа е четврт по ред женски готвач со освоени три Мишелин ѕвезди, а исто така во 2011 година беше прогласена за најдобар женски готвач во светот, од 50-те најдобри. Таа е ќерка на готвачот Жак Пик, а нејзиниот дедо Андре, исто така готвач, прв ја добил Мишелин ѕвездата во 1934 година.

Нејзините првични намери биле да не ги следи чекорите на нејзините предци и да оди во странство за да се обучува за менаџмент. Ана работи во Јапонија и САД како практикант во познати компании, како Moet&Chandon и Cartier, но сепак се повлекува. На 23 годишна возраст, во 1992, се враќа назад за да ги следи обуките од нејзиниот татко за да стане готвач, но тој по само три месеци починал. Во 1995 година, ресторанот ја губи својата трета Мишелин ѕвезда, што предизвикува бура на емоции кај Ана-Софи. Поттикната од загубата, таа се враќа во кујната и во 1997 година таа ја превзема контролата во ресторанот, иако немаше официјална обука по готвење.

anne-sophie-Pic3Сепак, 10 години подоцна, таа ја враќа третата Мишелин ѕвезда и истата година таа беше единствената жена на листата на францускиот весник Le Figaro за најбогатите готвачи во Франција. Нејзината кариера продолжува со успех и таа го отвора својот втор ресторан во Лозана, Швајцарија кој што беше награден со две Мишелин ѕвезди во 2009 година. Набрзо, по само три години таа го отвора и нејзиниот трет ресторан, и тоа во Париз, со име ‘La Dama de Pic’. Со отворањето на ресторанот во Париз таа ја продолжува 123 годишната традиција на нејзиното семејство во 21 век, со благодет и интелигенција.

Истата 2011 година, на 14 јули, таа беше именувана за Chavalier (Нож) од француската Легија на честа (Легијата на честа е француски национален орден основан од Наполеон Бонапарта во 1802 година, и е поделен во 5 степени, а ‘Нож’ е највисокиот). Таа во 2012 година објавува книга  наречена ‘Le Livre Blanc‘ (Белата книга),  со нејзини 50 рецепти кои претставуваат ремек дело. Денес, на 46 годишна возраст, таа има 10 годишен син и со нејзиниот сопруг заедно  ја водат работата во La Maison Pic, кој е проширен и во училиште за готвење, гастрономски хотел, бистро наречено ‘Le 7’ и продавница специјалнирана за гурмани наречена едноставно ‘Food Daily Pic’.  За гласините дека ќе се проширува нејзината кујна надвор од Европа, таа дава потврден одговор и нагласува дека ќе има ресторани, и тоа два само во Њујорк до крајот на 2015 год. Ана – Софи често го споменува советот добиен од нејзиниот татко, и тоа  ‘Искуството не се пренесува, тоа мора да се стекне’.

Слични написи