Al dente тестенини и како да ги подготвите

by ugostitelstvo.mk

Дефиниција: Во уметноста на кулинарството, изразот al dente реферира на степенот на подготвеност на соодветно зготвена паста.

Терминот al dente доаѓа од италијанската фраза која што што во слободен превод би значело тестенини што „крцкаат под забите“. Al dente тестенините треба да се меки, но сепак цврсти додека ги конзумираме. Во никој случај не треба да се кашесто зготвени, кашестите тестенини се пропаднати тестенини за италијанските готвачи.паста

Некои готвачи сугерираат кога конзумираме од тестенините што се зготвени al dente, треба да се појави мала бела точка на центарот од парчето тестенина. Други пак сугерираат дека al dente тестенини се оние тестенини кои немаат бела точка на нив. Точката всушност го претставува центарот на оние тестенини кои се недоволно зготвени. Во секој случај, al dente тестенините треба да бидат поцврсти додека ги конзумираме, во споредба со оние тестенини кои ги готвиме подолго време.

За да проверите дали се al dente, пробајте ги тестенините минута или две пред потребното време наведено во упатството за употреба. Кога ги пробувате и чувствувате мал отпор на забите, но тестенините се сè уште меки, тоа значи дека вие сте направиле тестенини al dente.

Слични написи