7 совети за нарачување вино во ресторани

by ugostitelstvo.mk

Добри пријатели, добра храна, добро вино и добар муабет би значеле дека имате одлична вечер. Чувствувајте се удобно и релаксирано околу нарачувањето, виното во рестораните е лесно постигнувачка цел за луѓето кои што сакаат да го прошират своето знаење на оваа тема.Вработените во рестораните не се обидуваат да ве заплашат или да ве засрамат, така што нема причина зошто би сакале да се обидете да ги импресионирате нив, или пак вашите пријатели, правејќи се дека знаете повеќе за виното отколку што навистина знаете.Да претпоставиме дека одите во реномиран ресторан со пријателите, и вие го добивате менито. Знаете нешто околу вината, но не се сметате себеси за експерт, а сакате да оставите добар впечаток на масата. Што би направиле најпрво?

Следуваат 7 совети кои што ќе ви послужат околу изборите кои што би можеле да ги направите:

Останете на своето!

винска листаНе се заплашувајте од менито за вино, без разлика колку долга и да е. Погледнете ги белите и црвените вина кои што одговараат на вашиот буџет. Доколку пронајдете нешто познато, направете си забелешки, потоа префрлете се на менито за храна.

Започнете со бело вино!

Пред да почнете со вечерата, додека ја чекате веројатно ќе сакате по едно шише бело и црвено вино. Порачајте го белото вино додека сите се одлучувате за храната. Земете предвид дека многу предјадења идеално се комбинираат со бело вино.

Играјте на сигурно

бело виноКога се двоумите, порачајте го второто најевтино sauvignon blanc или cabernet sauvignon. Многу луѓе ги познаваат и ги сакаат тие вина, најчесто поради тоа што одат со секаков вид на храна. Истотака, секое мени содржи по две или три вина од тој вид. И никој на масата нема да помисли дека сакате да заштедите некој денар.

Осигурајте се дека виното ќе пристигне пред храната

Речиси никогаш не треба да дозволите да ви ја послужат храната и да морате да го чекате виното. Кога порачувате, нагласете му на послужувачот дека сакате вино на масата, отворено и вкусено, пред храната да пристигне.

Проверете ја етикетата

читање на етикитетаНајголемата грешка што можат да ја направат рестораните е да ви донесат погрешно вино, ненамерно. Секогаш проверувајте ја етикетата. Од друга страна пак, нема потреба да ја мирисате тапата. Доколку е направена грешка со изборот на вино, ќе знаете кога ќе ви го наточат во чаша.

Тргнете ја киблата со лед

Пенливите вина, како и белите вина треба да се послужуваат оладени. Доколку веќе се солидно оладени, не ја прифаќајте киблата со лед, зафаќаат преголемо место на масата, и создаваат неред. Како и да е, секако ќе го довршите виното пред да се стопли!

Шишето е ваше

шише виноПобарајте од послужувачот да го остави шишето на масата, и да ве остави вас да го преточите виното. Зошто? Послужувачите стапуваат на цена кога вашата чаша е празна и тие секогаш ви наточуваат до горе. Но можеби сите не сакаат преполна чаша, нели? Не грижете се, нема да бидете непристојни.

Слични написи