5 правила за коњакот

by ugostitelstvo.mk

Најдоброто место да одберете коњак според вашиот вкус, се наоѓа во Њујорк. Brandy Library,  е во сопственост на Flavien Desoblin, кој е голем љубител на коњакот и во неговата библиотека може да се избројат дури 150 видови на коњак.

Ви пренесуваме неколку совети од него:

АКО Е МЛАД, ИЗМЕШАЈТЕ ГО! 

За коктели, тој советува да се мешаат со млад коњак, како Courvoisier VS, Frapin VS или Leopold Gourmel Premieres Saveurs. Цитрусните, цветните и јаткастите вкусови одлично се совпаѓаат со коњакот. Исто така млад коњак со ѓумбир  и мраз, прави чуда кога времето е жешко, па така Јarnac Ginger, е коњакот кој го предлага Desoblin.

frapin_vs_grande_bot_hr

АКО Е СТАР, ПИЈТЕ ГО ЧИСТ!

Ако постои длабочина и комлексност во коњакот, не треба да се користи во коктели.  XO и  hors d’age, кои имаат деликатни и префинети ноти, не треба да се мешаат со ништо, па дури ни со храна или пури. Овој коњак најдобро е да се пие после вечера, без стрес, лутина или гласни луѓе наоколу!

18119

БЕЗ ВОДА, БЕЗ МРАЗ! 

Водата има тенденција да го направи коњакот премногу блуткав, па така мразот го убива вкусот. Коњакот се служи уредно, на собна температура или малку поладна.

ОДЛИЧНА ЗДЕЛКА!

Почетниците не треба да се загрижуваат, бидејќи спектарот на коњаци е широк и на располагање има одлични коњаци за помалку од 50 долари. Па така, Desblon ги препорачува следниве коњаци: Pierre Ferrand Ambre, Hardy VSOP, Cognac Park Borderies Single Vineyard, H by Hine, Normandin-Mercier VSOP, Louis Grimaud VSOP или Vignoble Grateaud Bouquet des Borderies. 

1966_COGNAC_NORMANDIN-MERCIER_produit

КУПЕТЕ СЕГА!

Ако некогаш сте размислувале да направите своја колекција, подобро да започнете веднаш. Поради големата побарувачка во Азија, тешко е да се најдат високо квалитетни коњаци.

На здравје!

Слични написи