Кога доаѓа до обвиткување на храна со сланина, небото е граница на можностите за експериментирање. Ние ви подготвивме 5 идеи за како да направите брза вкусна и крцкава закуска, користејќи состојки кои што можеби воопшто не ви паднале на ум!
Авокадо
Парчиња авокадо обвиткани во сланина, потоа премачкани во презла, се ставаат во загреано масло…Иако користиме недоволно зготвено авокадо, го оставаме во фрижидер за да ја задржи својата форма.
Банана
Слатка и зачинета комбинација како брза закуска. Може да користите и јаворов сируп или мед, доколку сакате да е поблаго.
Сладолед
Пржен сладолед обвиткан со сланина можеби звучи погрешно, но всушност е многу вкусно. Замрзнатиот дел на сладоледот го преживува патувањето во фритезата и се претвора во неодоливо вкусен десерт.
Месен нарезок
Обвиткувањето на нарезокот со дебели парчиња сланина е готварска техника која се нарекува barding. Tоа помага да се задржи влажноста и го гарантира вкусот, кога се готви месо со помала мрснотија. Ова може да се направи и со мелено месо.
Круши
Крушите откако ќе се испечат се повеќе благи, а крцкавата сланина додава неверојатен зачинет вкус. Користете подебели парчиња исечени круши за да не се стопат во рерната. Истотака наместо сланина, може да користите и пршута, доколку сакате да добиете поделикатна арома.